ЧЕСТО И ОБИЛНО ПОВРАЌАЊЕ КАЈ БЕБЕ

 

ЗНАК ЗА ВРОДЕНА  ПИЛОРНА СТЕНОЗА

Вродената пилорна стеноза (ВПС) претставува неможност за празнење на содржината на желудникот, како резултат на хипертрофија и хиперплазија на мускулниот слој на пилорниот канал (канал кој го поврзува желудникот со останатиот дел од дигестивниот систем). Се наоѓа помеѓу желудникот и дванаестпалачното црево. Како резултат на стеснување на дванаестопалачниот канал, содржината од желудникот не може да премине кон цревата.

Почесто се јавува кај машките дечиња отколку кај женските, во сооднос 4:1. Почесто се јавува кај првородени машки деца и кај предвреме родени.

ПОВРАЌАЊЕТО Е ТИПИЧЕН СИНДРОМ

Бебето не се раѓа со оваа состојба, симптоматологијата се манифестира со прогресивната хипертрофија на пилорисот, со што почнува да повраќа. Користењето антибиотици на крај на бременоста, во првите две недели од раѓање или во тек на доење може да бидат асоцирани со појава на пилорна стеноза.

-На возраст од 4 до 8 недели старост бебето почнува да повраќа содржина што не е крвава и не е жолта.

-Во почетокот повраќањата не се чести, но за неколку дена стануваат се почести и по секој оброк.

-Интензитетот на повраќање од првично во мали количини, интензивира во повраќање во млаз.

-Понекогаш може да се забележат примеси на крв или кафена пребоеност на повратената содржина.

-Бебињата најчесто немаат аспект на болно бебе, нема покачување на телесната температура, бебето е постојано гладно и постојано има потреба да цица по епизодите на повраќање.

 

ШТО ДОКОЛКУ НЕ СЕ ПРЕПОЗНАЕ И ТРЕТИРА ОПИШАНАТА СОСТОЈБА?

Ненавременото дијагностицирање резултира со дехидратација, бавно зголемување на тежината, метаболен дисбаланс, летаргија.

КАКО СЕ ДИЈАГНОСТИЦИРА?

Сомнението за постоење ВПС го дава матичниот педијатар врз основа на клиничката слика и внимателен преглед на горниот дел од стомачето.

ВПС дава класичен знак на “олива” при палпација на горниот десен дел од стомакот кај 60% до 80% кај децата. Детето се упатува на ултразвучен преглед на пилорниот канал кој метод е неинвазивен и детето не се изложува на јонизирачко дејство.Прегледот се изведува непосредно по оброк или пиење вода и трае не повеќе од 20-30 минути.

КАКО СЕ ЛЕКУВА?

Третманот на состојбата е хируршки, се прави пилоромиотомија. Интервенцијата е безбедна и сигурна, без значајни последици.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.