НАЈУБАВИТЕ ОДМОРИ СЕ ВО СЕПТЕМВРИ

 

НАЈУБАВИТЕ ОДМОРИ СЕ ВО СЕПТЕМВРИ

Се повеќе луѓе решаваат за опцијата одмор во септември. Времето е идеално бидејќи температурите (и цените) почнуваат да опаѓаат, како и метежот од туристи, па можете многу полесно да уживате во убавините на местата што ги посетувате. Одлучете дали повеќе ви одговара пред-есенско талкање низ европските градови или замислата ви е повеќе во насока на искористување на доцното летно сонце на некоја од плажите, резервирајте го сметсувањетио и превозот и направете го овој месец септември за паметење.

ПОМПЕЈА

За вкусна храна и културна содржина

Септември е идеален месец за истражување на Помпеја –совршено зачуваниот тестамент на античката Италија, уништен од катаклизмичката ерупција на вулканот Везув во 79 година од нашата ера. Она што е Помпеја денес во полн сјај можете да го истражите во септември кога температурите за шетање се прифатливи, а туристите се веќе разотидени. Патувањето во овој дел од Италија ќе ви долови одблизу како живееле римските  сенатори, римјаните, гладиаторите, робовите пред 2000 години. Освен посета на античките урнатини, посетете ги и галериите на Националниот археолошки музеј во Неапол, прошетај те се низ улиците на Херкуланеум, но не пропуштајте можност да се разгалите во некое од крајбрежните одморалишта со различни третмани.

АНДАЛУЗИЈА

За истражување на пусти плажи, гроздоберски фестивали

Штом ги снема летните метежи, жителите на најјужниот регион на Шпанија, Андалузија, веќе почнуваат да ја слават сезоната на грозјето и виното. Областа е позната по овошните вина како шери, како и некои лесни традиционални сорти, а токму во септември сите градчиња произведители на вина-Херас, Компета, Вињуела и многу други, организираат гроздоберски фестивали за да го прослават годинашниот принос. Покрај ова, во овој период може да се ужива на одлични, не претрупани плажи и природни заливи по многу поповолни цени од оние во високата сезона. Можете да го посетите крајбрежјето  Коста дел Сол, Нехра, каде што ќе ве пречекаат прекрасни плажи. Посетете ги и селцата со бели варосани куќи на ридовите на Андалузија, но подгответе се за стрмни улички, ама и за величествен поглед од горе.

КИПАР

За уживање во доцното септемвриско сонце

Кипар е со просечна температура од 30 целзиусови степени и 12 часа на ден сончева светлина. Богатата култура и историја само уште повеќе придонесуваат кон неговата интегрантна привлечност. Посетете го единствениот поделен град во светот, Никозија, каде што можете истовремено да ги искусите и да го почувствута и грчкото и турското влијание и култура. Не пропуштајте да го посетите замокот  Свети Иларион, кој е инспирација за Дизниевата Снежана. Нурнете се во кристално бистрите води на Средоземното море и излежувајте се на сончевите песочни плажи. И последно, но не помалку важно, не заборавајте да ги испробате локалните деликатеси, почнувајќи од халуми сирење на скара, преку суфлаки, па се до морски специјалитети.

ГРУЗИЈА

За авантура во (релативно) непознатото

Богата историја, гурманска потрага по вкусна храна и вино, прекрасни пејсажи, како и желба по нешто ново, и неоткриено, се нештата што ќе ве доведат во Грузија. Од септември до средината на октомври температурите се умерени, а почетокот на есента носи национални поводи за славење по повод годишниот гроздобер во винската област Кехетија. Испробајте ги локалните сорти вино и вкусните сирења што ги надополнуваат гурманските закуски или пак, упатете се кон главниот град, Тбилиси, што во себе сумира персиски, советски и арт нуво влијанија. Тврдината Нарикела, Манастирот Џвари од шестиот век и манастирскиот комплекс Давид Гареџа се нешто што не треба да се пропушти. Вљубениците во планинарењето и алпинизам можат да го посетат градчето Местија, каде  што почнува искачувањето на највисоката планина во Грузија, Шхара (со надморска височина од 5.200 метри.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.