Септември месецот на зимниците

Традицијата на правење зимница во Македонија продолжува.  Пред стамбените згради секојдневно гледаме како чадат ќумбињата со ајвар. Се шири миризба на свежо печен црвен пипер, ајвар се прави на сите страни. Дали тесниот џеб ги приморува граѓаните да продолжат со  приготвување на зимниците пред урбаните згради и во парковите. Надлежните не реагираат, бројот на ќумбиња секојдневно расте. Дали е до несовесните граѓани или пак немаштијата го тера македонскиот народ и покрај мерките и забраните да  си направи домашно ајварче. Во маркетите ајварот можете да го најдете по цена од 147 до 250 денари за една тегла. Вкусот на домашно ајварче во доцниот септември, не е ист со оној во маркетите.

Во наше време ајвар и сирење беше омилено јадење во овој период од годината. Се сеќавам кога баба ми ќе ме послужеше со сеуште топло ајварче, лутеница, салца – а бе прсти да си излижеш. Се собираа за време на викендите: снаии, свекрви, јатрви, золви позади портите на големите дворови едни печеа, други ги лупеа црвените пиперки, трети пак беа ангажирани за мелењето. На крајот,  печењето во голема тава ставена врз  ќумбињата со дрва. Традицијата на правење зимница може да биде истовремено корисно и забавно, интересно.

Често се случуваше како деца да сркаме директно од теглата со парче свежо печено лепче.

Се си има свое време, и своја убавина.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.