УСПЕХ ПОДВЛЕЧЕН СО ЗЛАТО 

НЕЈЗИНОТО ИМЕ Е СИНОНИМ НА УБАВИНА, СЕКСИПИЛ, ЗДРАВ НАЧИН НА ЖИВОТ И, СЕ РАЗБИРА, ЗА ГОЛЕМ УСПЕХ! ЛАТИНО-ДИВАТА ПОСТИГНА СЕ ШТО ПОСАКУВАШЕ, ПА СЕГА МОЖЕ БЕСКРАЈНО ДА УЖИВА. ВЕЌЕ НЕМА СТРАВОВИ И ДИЛЕМИ-ТОЧНО ЗНАЕ ШТО МОЖЕ И КОЛКУ ВРЕДИ

Кога би требало својот живот да го претстави во една боја, Џенифер во овој миг би ја избрала-златната! Бидејќи, ако ги собереме нејзините деловни успеси како пејачка, актерка, продуцентка, и бизнис-жена, и ги заокружиме со среќата што на приватен план и ја донесоа 10-годишните близнаци, Макс и Ема, и бејзбол ѕвездата Алекс Родригез, со кого е една година во хармонична врска-тој избор воопшто не изненадува. Сега на прагот од шеесеттата деценија од животот, убедена е дека нејзината среќна ѕвезда блеска најсилно до сега, бидејќи стана подобра личност, ќерка, мајка, партнерка и пријателка и се разви во секој поглед. “ Сега знам кои ми се добрите страни, но и како да ги подобрам лошите. Не сум тука за да бидам совршена, туку за да бидам најдобра верзија на самата себе. Токму кон тоа и тежнеам. Мислам дека над мене и на моите деца блеска ореол и сите во нашето опкружување ја чувствуваат неговата светлина. Знам дека звучи лудо, но така е. И над полето на кариерата гледам дека светка силна светлина. Дефинитивно се почнува од тоа како се чувствувате, а јас сум силна во моментов. А тоа се одразува и на мојата музика. Затоа новите песни ми се музика на среќата“, изјави неодамна Џенифер Лопез.

СЕ ПРИФАТИ СЕБЕСИ ТАКВА КАКВА ШТО Е

Нејзината внатрешна стабилност се одрази на нејзината убавина, па затоа се осмелуваме да кажеме дека сега Џенифер е најубава досега. Има 49 години, но нема брчки. Славната Џеј Ло не пие кафе и алкохол, не пуши, спие минимум осум часа дневно, се храни здраво и вежба редовно. На прво место го става танцот кој е клучен за добро расположение и фит фигура. Практикува и интензивен кардио-тренинг, а за постигнување максимални резултати, Џеј Ло препорачува максимална хидратација.

“Најважно правило на негата повторно е хидратацијата. По тренингот, задолжително го мијам лицето, нанесувам хидратантен крем со заштитен фактор и лесна шминка, во случај да излегувам од дома, а доколу останувам внатре, тогаш хидратантниот крем и кремот за областа околу очите ми се сосема доволни“. Како и секоја жена и Џенифер Лопез има лоши денови. Во текот на животот поминуваше и низ фази на незадоволство. Кога би можела да го врати времето, би се заштедила себеси од размислувањето што мислат другите за неа.

“Кога се сакаш себеси и кога си среќен, тоа се одразува врз севкупниот изглед. Се сеќавам колку бев тажна поради моите облини и колку страдав што не сум слаба. Но научив дека за чувство на задоволство не е пресуден одреден број на килограми. Станува збор за личен став-дека си убава.  Затоа треба да го гледаме само она што е убаво на нас, а не на другите жени. Јас се прифатив таква како што сум. Се чувствувам младо, секси и згодно. Кога ќе ми опадне самодовербата, почнувам да танцувам. Тогаш гледам колку е всушност способно моето тело и чувствувам невероватен прилив на адреналин“.

А ТОГАШ ГО СРЕТНА НЕГО…

Џенифер му е најубава на својот партнер Алекс Родригез токму таква каква што е. Иако во животот имала неколку квалитетни врски, исполнети со љубов и авантури, Џенифер вели дека дури сега е вистински среќна и комплетна. “ И двајцата настојуваме да го поттикнеме надоброто во другиот. Тоа е несебична особина, основна за стабилна врска. За нас е неопходна и пради тоа што имаме деца од претходните бракови, на кои треба да им бидеме најдобар пример.  Се почитуваме меѓусебно. Идвајцата имаме слични почетоци-поминавме низ тешки периоди, од кои излеговме подобри и посилни. И двајцата имавме подеми, падови и предизвици и големо животно искуство. Се разбираме совршено. Се сеќавам на нашиот прв состанок”. Нивната прва средба била огнена- и фигуративно и буквално. “Пред првиот љубовен состанок се сретнавме пред еден ресторан во Беверли Хилс. Додека ручав, го видов како поминува, и сакав да го довикнам моето име, но ми беше срам. Но, затоа кога си одев, тој сеуште беше тука, но свртен со грб, и на поминување подзастанав, го потчукнав по грбот и му кажав-Здраво јас сум Џенифер!Тој ми кажа дека изгледам прекрасно. Неколку часа подоцна ми се јави и се договоривме заедно да вечераме. Во белата кошула изгледаше многу мажествено, зборуваше гласно  и за сите работи за кои на прв состанок не се зборува. Отиде во тоалетот и ми пушти порака дека сум секси. А потоа се вклучи алармот и ние се евакуиравме поради пожар! Преостанатото е историја. “Верувам во бракот и би сакала да остарам во врска полна со љубов и со разбирање. Не форсирам. Убаво ни е, убаво комуницираме, се разбираме на начин на кој повеќето луѓе не можат да се разберат“. Покрај Алекс е целосно опуштена за што сведочи и тоа што, првпат по седум години,  минатата година направи пауза и  одпатува со саканиот за една недела и посака да може почесто да се одмара.

ФОРМУЛА -КАКО ДА ГО ЖИВЕЕШ СОНОТ?

И луѓето од нејзиното окружување сметаат дека би требало почесто да се одмара. Но има и такви што ја сметаат преамбициозна и зависна од успех во животот. Најгласен во нејзина одбрана е се разбира токму Алекс. Џенифер вели “Тој глад кон работата не доаѓа од амбицијата, туку од страста кон она што обожавам да го работам. Гледам колку прекрасни работи можам да направам благодарение на мојот осет за бизнис и токму тоа ме турка напред. Јас сум зависник од работата. Инстиктивно секој миг во животот го исполнувам со работа, но полека учам да воспоставам рамнотежа”.

Близнаците Ема и Макс и го сменија животот од корен, па денес прави се за нивната среќа. Неодамна оствари уште еден сон-купи голем имот во Хемптон за своето семејство. “Новиот дом  ми донесе среќа, која ја чувствувам кога сме во него“.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.