ЗАПОЧНУВА ФЕСТИВАЛОТ „БРАЌА МАНАКИ“

Од 21 до 29 септември, во Битола ќе се случува 39-то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Фестивалот свечено ќе биде отворен утре, сабота, со перформанс на режисерот Срѓан Јанакиевиќ. По перформансот, ќе следи премиера на краткиот филм „Љубовникот“ во режија на Игор Иванов – Изи. А веднаш потоа ќе биде прикажан филмот „Blade Runner 2049“, во чест на годинешниот лауреат на Златна камера 300, оскаровецот Roger Deakins.

Италијанската филмска дива Claudia Cardinale ќе гостува на фестивалот, како втор лауреат. Во нејзина чест ќе има проекција на филмот „Nobili Bugie“.

На годинешниот „Браќа Манаки“ ќе има 14 програми и ќе бидат прикажани околу 95 филмови. Нова програма е „Полноќен јавач“ со селекција на филмови од страна на режисерот Michele de Angelis. Станува збор за полноќни проекции на филмски хорор-класици.

ИФФК „Манаки“ завршува на 29 септември со доделување на наградите од главната програма, а за затворањето ќе биде прикажан краткиот филм „Скаут“, на македонскиот режисер Алекс Цветков.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.