За неколку дена пристигнуваат две слончици во зоолошката во Скопје

Во Македонија за неколку дена пристигнуваат две слоници. Војо Иванов зоо неговател вели дека станува збор за две слоници, едната има 40, другата 50 години, особено тешки и карактеристични случаи, бидејќи речиси целиот живот го поминале во циркус, од 2015 биле во Белгија, но никогаш не успеале да се вклопат со другите слонови и не научиле повторно да го зборуваат јазикот на слоновите и практично се осудени да си го завршат животот сами.

-Тие се последните украдени од природа. Тие ја паметат нивната траума, а тоа е убивање на целата нивна фамилија. Се убива целата фамилија, бебињата се крадат, се носат 5-6 бебиња заедно. Никој не знае колку од нив преживеале, тие гледале и бебиња со нив како страдаат, па пота се донесени преживеаните, најсилните во Европа, па потоа биле ставени во циркус каде што биле малтретирани 30 години да настапуваат секоја вечер во 18 и 20 на една иста музика. Она што е второ интересно за нив е тоа што тие се последната двојка која што ќе живее заедно од 2 различни вида. Едната е од Африка, втората е од Индија, од таму ги украле. Африканската е мал шумски слон. Такви се многу ретки и ретко која зоолошка ги чува. И она што е трето интересно според Гинис, Дуња, азиската слоница што доаѓа кај нас е најголемата жива слоница во Европа, џиновска е – вели Иванов и додава дека токму со негата и со професионален третман на ваквите специфични слоници, Македонија во следните години може да добие голема почит од менторите од ЕАЗА

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.