Сакајте се ….

Љубовта кон себе има големо значење за нас и за се околу нас. Да се сакаш себеси не значи да си угодуваш само на физичко ниво, тоа не е љубов тоа е задоволување на желбите на егото. Љубовта кон себе е нешто многу подлабоко за кое можеби не постојат зборови сосема да се опише. Ако го погледнете светот и се што се случува ќе видите дека многу малку луѓе знаат што е вистинска љубов кон себе. Љубовта кон себе не е самољубие, туку љубов кон се што постои, таа љубов почнува од нашето срце. Љубовта не осудува, љубовта не дели на добро и лошо, љубовта не доделува титули кој колку е свесен или несвесен, љубовта не познава гордост тоа е егото, љубовта не ги осудува оние кои грешат бидејќи грешки не постојат, љубовта не се противи на негативното, љубовта не познава никаков вид на насилство во мислите, зборовите и делата. Тогаш зошто сето тоа постои во нас кога нашата природа е љубов? За да ни помогне да ја видиме нејзината огромна моќ и да не излекува од сето она што љубов не е. Кога ќе почнете вистински да се сакате себеси, тогаш во оние кои се околу вас, без разлика на тоа што се во одреден момент, нема да ги гледате нивните недостатоци, туку со трпение ќе го гледате најдоброто во нив. Ако се сакате себеси ќе ја знаете и својата вредност, а со тоа ќе ја препознаете и вредноста на секое битие на оваа планета. Кога ќе успеете да се поврзете со се што постои надвор од вас, без разлика на границите кои ви ги сервира умот, тогаш ќе знаете дека сте поврзани длабоко со себе. Тоа СЕБЕ сте вие и сите ние.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.