Започна 27. Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“

Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје го најавуваат 27. Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“ – симбол на пријателство меѓу децата, што ќе трае од утре до 30 септември.

Централниот настан ќе се одржи на 29 септември в сабота на плоштадот Македонија од 19.30 часот.

Директорката на Детскиот културен центар „Карпош“, Билјана Лалчевска-Серафимовска, ги поканува сите љубители на орото и песната да дојдат на централниот настан, каде што, освен гостите од Србија, Бугарија и од Словенија, учество ќе земат и нашите ансамбли „Орце Николов“, „Јени Јол“ и „Каршијака“, сите од Скопје, и преку шаренолкоста на костимите и оригиналноста во кореографските движења ќе нè запознаат со својата традиција и култура.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.