НАЈУБАВИТЕ НАЦИОНАЛНИ ПАРКОВИ ВО СВЕТОТ

Пред неколку декади патувањето на друг континент или некоја далечна земја, за многу луѓе претставувало само сон. Патувањето до некоја заборавена земја во Африка или древен град во Азија било достапно само за оние побогатите. Но, со развојот на авионскиот транспорт, реформата во туризмот на финансиски послабите земји, се повеќе љубители тардиционалниот одмор со лежење на плажа, решаваат да го заменат со одмор на некоја далечна дестинација.

НАЦИОНАЛЕН ПАРК БАНФ-КАНАДА, СЕВЕРНА АМЕРИКА

Доколку некогаш патот ве однесе во Канада, тогаш дефинитивно треба да го посетите националнио парк БАНФ, оддалечен околу 30км. западно од Алберта. Тој претставува првиот национален парк во државата, основан во 1885год. со површина од 6.642м. квадратни, на која е распослан еден од најубавите, неверојатни природни пејзажи од што ќе ви застане здивот. Токму оваа уникатна природа е причината што над 4милиони туристи го посетуваат паркот БАНФ и уживаат во прошетките по километарските планински ливади на  рамнината Саншајн Медоу, пловат низ водите на езерото Луис и возат низ ридовите и планинските патчиња. Има толку многу да се види во Банф, што буквално секоја минута од вашиот престој ќе ви биде исполнета со некоја активност, без разлика дали е тоа планинарење, гледање на птиците, кајакарење, истражување на животинскиот свет или посета на неколкуте историски локалитети или пештери.

НАЦИОНАЛЕН ПАРК РВЕНЦОРИ-УГАНДА, АФРИКА

Распослан на падините од долината Мубуку, националниот парк Рвенцори претставува вистински егзотичен рај во Уганда. Во своите густи шуми, паркот го сокрил третиот најголем планински врв на Африка, врвот Стенли (5.109м. надморска височина), кој го добил своето име по истажувачот кој го открил за време на својата егзибиција во 1887година.Овој парк е познат по својата неверојатно убава и автентична тропско-планинска вегетација, глечери, високи водопади и богатиот животински свет кој се вдомил меѓу растенијата.За разлика од сродните планини Килиманџаро и Кенја, планината Рвенцори нема активни вулкани.

Доколку се решите за посета на овој парк, истиот се наоѓа на 25км. oд градот Касес, од каде користејќи ги средствата за јавен превоз, до него би стигнале за околу 5часа. Посетете го паркот во Јули и Август за време на сувата сезона и одете на пешачење и истражување на околината.

НАЦИОНАЛЕН ПАРК АСО КУЈУ-ЈАПОНИЈА, АЗИЈА

Во срцето на островот Кјушу лежи националниот парк Асо, надалеку познат како паркот  со најголема површина на купи, но исто и едни од најубавите купи на светот. Купите инаку, претставуваат вдлабнувања, дупки и нерамнини кои настанувале како резултата на нагло, големо и целосно празнење на некој вулкански извор, и како последица на тоа останувале само празни, големи кратери. Планината Асо се состои од неколку активни вулкани, меѓу кои најпознати се вулканите Накадаке и Комезука. Последната ерупција на вулканот е евидентирана во 90-тите, но сепак доколку имате респираторни проблеми, можеби треба да ја избегнете посетата на овој вулкан, бидејќи постојано емитува сулфур и останати штетни гасови.

За оние кои не сакаат да ризикуваат блиска средба со лавата, постои и побезбедна варијанта да го видат националниот парк одблизу, а тое е музејот Асо каде се изложени сателитски слики од планината, слики од претходни ерупции, а ама и пренос во живо од некои вулкански кратери, со помош на камерите што се поставени во нивна близина. Настрана од вулканските активности, на падините од планината и рамнините може да се најде плодно тло на кое виреат различни растенија и култури, на кои се појат коњи и крави, а гранките од широките дрвја вдомиле богато миље на животински свет.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.