Амбулантите полни со пациенти – вирусите ги напаѓаат и младите и старите

Наглите временски промени и температурни разлики ги насочија граѓаните кон амбулантите.

За 20 проценти, велат матичните лекари, има зголемување на пациенти кои се жалат на болки во главата, покачен крвен притисок, омалаксаност, болки на зглобови или гушења.

Лекарите апелираат до граѓаните, а особено хронично болните да ја пијат препишаната терапија.

Во итната медицинска помош нема зголемен број на јавувања, но лекарите велат со температурните разлики повиците се најчесто од срцево болните, хронично болните како и граѓани кои се јавуваат само за совет поради покачен крвен притисок.

Астматичарите засега добро ги поднесуваат промените.

Оттаму, советуваат лекарите, граѓаните да бидат поактивни и да му дозволат на организмот да се прилагоди на временските промени.

Од итната помош апелираат на стрпливот кај граѓаните кога се јавуваат и бараат помош од нив.

Докторите велат, ќе бидат опфатени сите јавувачи но сепак предност имаат итните случаи.

Според некои истражувања, околу 80 отсто од светската популација има тегоби при промена на времето.

Метеоропатијата, денес ги погодува и здравите лица, помладите луѓе, па дури и децата. За да се спречат метеопатските тегоби, треба да се избегнува поголем физички напор, повеќе да се престојува на отворено, да се консумираат овошје и зеленчук и да се пијат течности, но не и алкохол.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.