Каква ќе биде оваа зима

epaselect epa06361977 People walk under the snow in Burgos, northern Spain, 01 December 2017. An Artic mass of air caused heavy snowfalls in northern Spain and low temperatures in the country's center. EPA-EFE/SANTI OTERO

Сончево и натпросечно топло време со студени утра најавуваат  метеоролозите речи си до крајот на октомври. Според долгорочните прогнози, температури над 20 степени ќе имаме се до средината на идната недела за кога се најавуваат услови за наоблачување и можност за дожд.

Тогаш се очекува температурите да се спуштат до околу 15 степени во текот на денот, а наутро некаде околу 5 степени.
Такво ќе биде времето и на почетокот на идниот месец. Температурите постојано ќе се движат околу 20 степени, времето ќе биде променливо облачно а утрата ќе бидат студени со температури на повисоки од 7 степени.

Метеоролозите најавуваат дека првите мразови по котлините може да се очекуваат кон средината на ноември кога температурите наутро ќе бидат неколку степени под нулата.

Во овој период според прогнозите постои можност за провејување и на првиот снег со оглед на очекуваната влажност и дневните температури кои нема да надминат 5 степени.

Ако може да им се верува на долгорочните прогнози, зимата во првата половина ќе биде блага и без многу врнежи со температури кои ретко ќе се спуштаат длабоко под нулата.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.