Есен во Скопје: Се е жолто и магично, мириса на печени костени, а чајот во Старата чаршија дава посебен есенски шмек

Ако сакаш да гледаш од аголот на позитивноста, тогаш Скопје има многу позитивни работи. Убавини, кои можат само да се почувствуваат и доживеат, а не да се раскажуваат.

Ако го посетиш Скопје во есен, ќе се почувствуваш посебно. Ќе почувствуваш некоја надприродна сила, некоја посебна убавина. И не само во есен.

Скопје е убаво во секое годинишно време, но есента го прави да биде посебен. Есента во Скопје е полна со бои и свежина.

Есента знае да биде различна. Некогаш деновите се убави, топли, потсетуваат на лето, а некогаш знаат да бидат досадни, врнежливи, ветровити и да потсетуваат на зима.

Но, како и да е, есента си има своја посебна магија. Магија за Скопје. Жолтата боја прави се да е магично и волшебно.

Неизбежни се печените костени на Плоштадот во Скопје. Миризбата уште од многу далеку се приметува. Не можеш да останеш имун и да ги поминеш.

Чајот во Старата скопска чаршија. Секогаш е убав, но во есен посебно, кога сакаш само да се стоплиш.

Дрвјата даваат посебна слика. Листовите опаѓаат. Се наоколу тебе е жолто и убаво.

Бараш топла прегратка. Топло место.

Есен. Време кога сфаќаш дека полека си заминува уште една година. Дека останаа уште многу малку денови од старта година. Доаѓа нова. Се прават нови планиви, нови цели, нови стартегии, нови желби.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.