Временска прогноза за наредните денови

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. По одделни котлини ќе има услови за слаба утринска магла.

Утринската температура ќе се движи од минус три до четири степени, а дневната температура од 16 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до три степени, а дневната температура до 21 степени.

Продолжува периодот на стабилно и суво време, освен во четврток, кога во западните делови ќе има локален слаб дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Температурата ќе биде во постепено благо опаѓање.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.