„Анима Мунди“ со огласи по трагедијата од вчера кога девојче бегајќи од кучиња се удави во водите на реката Вардар

Здружението за заштита на животните, Анима Мунди изрази огромно жалење за трагедијата која вчеравечер се случи во Гостивар, кога девојче, бегајќи од кучиња, се удави во водите на реката Вардар.

– Длабоко сме потресени и изразуваме огромно жалење за трагедијата која вчеравечер се случи во Гостивар, кога девојче, бегајќи од кучиња, се удави во водите на реката Вардар. Не постојат зборови со кои можеме да ја искажеме нашата тага поради прерано згаснат живот и упатуваме искрено сочувство до семејството на починатото девојче.

Гледаме дека оваа трагедија се користи како мотив за напад врз нашите заложби за хуман третман на бездомните животни, па оттаму должни сме уште еднаш да повториме дека ние се залагаме и придонесуваме самоиницијативно да нема улични кучиња во ниту една општина во државата и проблемот да се реши трајно, а со цел да се гарантира безбедноста и заштитата на граѓаните. Сепак и покрај нашите натчовечки напори, институциите избегнуваат да ја согледаат и да ја третираат суштината на проблемот, бавејќи се со краткорочни решенија без долгорочни резултати – стои во соопштението на здружението.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.