Бесплатно мерење на шеќер во крвта в недела на Светскиот ден на дијабетесот

Светскиот ден на дијабетесот се одбележува секоја година на 14 ноември. Оваа година овој ден се одбележува под мотото „Дијабетесот го засега секое семејство“.

По тој повод, Клиниката за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања, заедно со Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија организираат рекреациска активност, односно пешачење на кејот на реката Вардар в недела. Настанот почнува во 11:30 часот на патеката на кејот на Вардар, на ниво на „Жабарот“.

Организирано е мерење на гликемии (шеќер во крвта) пред и по пешачењто, за да се потенцира важноста на физичката активност и самоконтролата како значајни елементи во третманот на дијабетесот. Дополнително ќе бидат поделени и памфлети со информации за дијабетесот и маичка за секој учесник.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.