Работник на „Брако“ тешко повреден од машина

Четириесет и едногодишен велешанец вработен во „Брако“ – погон клинчара, е тешко повреден додека работел на машина за обработка на жица.

Несреќата се случила кога во моментот додека работел на машината бил повлечен од истата, по што таа престанала автоматски да работи.

Со возило на брза помош бил итно пренесен во Општата болница Велес, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди, по што е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.