5 клучни правила како да носите црна боја од глава до пети

Мислите дека е едноставно да се носи црн аутфит?

Љубителите на најтемната боја многу добро знаат дека не е лесно да се остави впечаток со црна облека од глава до пети, но не е ни невозможно. Постојат неколку стилски трикови што секогаш треба да ги имате на ум ако сакате да привлечете погледи и тогаш кога сте во црно…

1. Измешајте ткаенини и текстури

Нема ништо модерно во црна модна комбинација составена од памучни парчиња. Во постудените денови многу е лесно да се експериментира: може да комбинирате плетива, кожени парчиња, тексас, сомот…

2. Погрижете се ткаенините што ги носите да бидат во склад со актуелната сезона

Црниот волнен фустан ќе изгледа фантастично во есенските и зимските месеци, особено во комбинација со добар пар кожени чизми, додека во текот на летото, би изгледале чудно во таква облека. Во потоплите месеци, одберете свилени и ленени парчиња.

3. Уште поважно е сите парчиња да ви стојат совршено

Искористете го фактот дека црната облека прави да изгледаме послаби и одбирајте припиени и тесни парчиња, а одбегнувајте широки и предимензионирани.

4. Играјте си со модните додатоци

Црната модна комбинација може да ја разбиете со некој впечатлив накит во некоја друга или бели чизмички, на пример. Но нема да погрешите ни ако одберете додатоци во склад со одбраната облека, бидејќи ќе ѝ дадат нова димензија, односно текстура.

5. Голема улога игра и изборот на шминка

Ќе се уверите дека црната модна комбинација изгледа поинаку во зависност од бојата на карминот што го носите. Во дневните варијанти нагласете ги усните со нежно розови тонови, а во вечерните обојте ги во силно црвени нијанси, додека потемните бои ќе функционираат во двата случаја.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.