Дали загадувањето го зголемува ризикот од Алцхајмерова болест?

Загадувањето на воздухот може да предизвика многу повеќе здравствени проблеми отколкунекакво „обично“ заболување на белите дробови.

Новите истражувања покажуваат дека ако се вдишуваат ситните штетни честички во воздухот кои потекнуваат од електричните централи и автомобилите, тие може да гонападнат мозокот и да доведат до зголемување на ризикот од деменција.

Микроскопските честички генерирани од фосилните горива се внесуваат во нашето тело директно преку носот и одат до мозочните клетки каде се третирани како напаѓачки честички и се причина за реакции и воспалителни процеси, кои со текот на времето, се влошуваат и може да бидат причина за Алцхајмерова болест или во најмала рака да гозабрзаат стареењето на мозокот.

Иако врската помеѓу загадувањето на воздухот и Алцхајмеровата болест е релативно новонаучно истражување, веќе постои доказ дека загадувањето на воздухот исто како и тутунотсе причини за стареење на мозокот.

За потребите на ова истражување научниците собрале примероци од воздушните честички со помош на најновата технологија и изложувале женски глувци на вештачко загадување на воздухот.

Потоа овие примероци се користени за тестирање на изложеноста и оценување нанегативното влијание врз невро-развојните или невро-дегенеративните здравствени ефекти.

Глувците во себе носат одредена генетска варијанта – APOE4 ген, кој го зголемува ризикот за појава на Алцхајмерова болест. Откако биле изложени на загадување на воздухот во период од 15 недели, кај 60 проценти од глувците е забележано зголемување наамилоидните плаки, кластери на протеини кои се поврзуваат со дегенеративни болести.

Воедно, е направена и една анализа на податоци за повеќе од 3.600 жени на возраст меѓу 65 и 79 години. Ниту една од овие жени на почетокот на анализата немала деменција. Поанализирањето на одредени варијабли – раса, етничка припадност, начин на живот и општоздравје, откриено е дека постарите жени кои живеат во области каде загадувањето на воздухот ги надминува дозволенитеи безбедни стандарди се соочуваат со 80-90 проценти зголемен ризик за когнитивен пад и зголемена веројатност за развој на деменција, вклучувајќи и Алцхајмерова болест.

 

Негативните ефекти од загадувањето на воздухот врз мозокот се особено забележливи кај жените кај кои е регистриран APOE4 генот.

Доколку овие наоди и калкулации се применат врз општата светска популација, лесно може да се пресмета дека загадувањето на воздухот би можело да биде виновник за околу 21 процент од сите случаи на деменција.

Но, ова истражување има и ограничување. Тоа не докажува со сигурност дека загадувањето на воздухот предизвикува зголемен ризик од деменција бидејќи истражувањата направени со животни честопати не успеваат да дадат слични резултати кај луѓето.

Сепак, експерименталните податоци покажале дека изложеноста на штетните воздушни честички резултира со оштетени неврони во хипокампусот, центарот на меморија и се причина и за двете состојби кои ги спомнавме -стареење на мозокот и Алцхајмерова болест.

Со оглед на горенаведеното една работа е сосема јасна и со сигурност може да се потврди, а тоа е дека овие наоди имаат глобални импликации бидејќи за загадувањето не постојатграници.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.