Колку време е заразен за околината болниот од грип

Оваа година сезоната на грип започна порано во споредба со последниве неколку години, и некои видови на вирусот тешко погодија одредени региони, па затоа е исклучително важно да се биде екстра внимателен. Многумина се особено загрижени во врска со ова, па така често се наметнува прашањето: Колку време е заразен за околината некој кој веќе има грип?

 

Некои луѓе кои се заразени со вирусот на грип, всушност, може да ја пренесат болеста ипред тие да почнат да чувствуваат некакви симптоми.

Во најголем број на случаи, заболениот станува заразен околу 24 до 72 часа откако истиот се заразил со вирусот на грип и таквата состојба на преносител останува во период до пет дена по појавата на симптомите. Но, децата или луѓе со нарушен имунолошки систем може да бидат заразни за околината дури и во период од две недели.

Грипот најчесто се шири во ситуации кога се доаѓа во контакт со респираторните капки однекое заразено лице, најчесто преку кивање или кашлање.

Допирање на одредена површина која претходно била испрскана со капки одреспираторните патишта на заболен од грип – и потоа допирање со рацете до носот или устата – исто така, може да предизвика заразување на здравото лице.

Симптомите на грип се:

Треска

Морници

Течење на носот

Главоболка

Болки во мускулите

Топла, зацрвенета кожа и насолзени очи

Слабост или замор

Болки во грлото

Поспаност

Симптомите на настинка можат да бидат многу слични со оние на грипот, па затоа е од голема важност да се добие вистинска дијагноза од лекарот.

Секоја година грипот однесува многу животи, па затоа, сите оние кои имаат нарушен имунолошки систем, хронично болните како и бремените жени би требало да се вакцинираат и навреме да се заштитат од можните последици.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.