Џенифер Лопез за 20 минути заработи три милиони долари

Албумите на Џенифер Лопез се продаваат во платинести тиражи, а концерти одржува во целиот свет, но веројатно никогаш досега не заработила толку лесно три милиони долари.

Имено, за своето појавување на „Доха фестивал сити мол“ доби три милиони долари, два милиона чиста добивка и еден милион за покривање на трошоците за патување. Сè што требаше да стори за таа сума беше 20 минути да одговaра на прашања за себе.

Како што објавија од TMZ, Џенифер пристигнала во Катар, а потоа малку им зборувала на фановите за правата на жените, малку се фотографирала со нив и на крајот се вратила во Америка.

И тоа не е сè. Следната недела „Катар ервејс“ ќе ѝ плати 1,2 милион долари за да се појави на нивната забава во театарот „Долби“ во Лос Анџелес. Од неа се бара да се појави 20 минути, нешто да каже и да им се насмевнува на фотографите.TMZ додава дека сè уште траат преговорите за износот за тој ангажман, а бидејќи „Катар ервејс“ веќе ги испрати покани за забавата и ја најави на својот профил на „Твитер“ како гостин, се чини дека тие ќе мора да ги прифатат сите услови на Џенифер.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.