Oслободите се од несаканите флеки, пеги и хиперпигментација на лицето и рацете?

Темните дамки на кожата претставуваат нарушување во организмот, предизвикано од големи количини на меланин, што се појавува на кожата како темен пигмент.

Ова нарушување е предизвикано од пигментацијата на кожата, а причината за тоа е изложувањето на сонце, т.е. неговите УВ зраци (што делува на меланинот и предизвикува привремена или трајна промена на бојата на кожата), но исто така и одредени болести, потоа стареење, бременост или повреди, доведуваат до појава на пигментирани дамки на кожата.

Овие флеки може да се појават на било кој дел од телото, но најчести се на лицето и рацете.

Со цел да ви помогнеме да се справите со ова естетско нарушување, подготвивме за вас еден ефикасен природен рецепт за лекување на хиперпигментација во домашни услови.

Ова е навистина едно многу едноставно и ефикасно средство кое се заснива на искуствата и принципите за лекување од древната индиска медицина.

Рецепт за тоа како да се ослободите од флеките на лицето, пегите и хиперпигментацијата:

Потребни состојки:

1 лажичка куркума во прав и

1 лажичка сок од лимон.

Овие две состојки треба добро да се измешаат и мешавината да се нанесе на пигментираните места.

Почекајте 15-тина минути додека смесата целосно не се исуши. Исплакнете го местото со млака вода. После овој третман не се препорачува кожата да се изложува на сонце!

Продолжете со постапките за третирање барем два до три пати неделно, додека резултатите не станат видливи.

Лимуновиот сок ја чисти кожата и и дава сјај. Куркумата ја осветлува кожата, а исто така делува на неа со своето анти-воспалително дејство. Некои од вас веќе имаат позитивни искуства со избелувачките својства на куркумата доколку ја користеле за природно и квалитетно избелување на забите.

Напомена:

Треба да се напомене дека ако имате премногу чувствителна или премногу сува кожа, би можеле да го замените сокот од лимон со млеко или пак да го разредите со малку вода.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.