Вчерашни новости објавија: Се огласија киндаперите на Груевски

Во неочекуван пресврт на настаните денес разбравме дека Груевски можеби не избегал во Будимпешта за да не оди во затвор туку дека е киднапиран. Ова го кажа самиот премиер Зоран Заев, а набрзо потоа се огласија и киднаперите на Груевски.

„Бараме 10 милиони евра во кеш доставени на адреса која ќе ја соопштиме донесени од страна на самиот премиер Заев затоа што во спротивно, сериозни сме за ова, ќе ви го вратиме Груевски во Македонија“ велат киднаперите.

Киднаперите морале да го врзат Груевски за да престане да работи

На владина седница се разгледува ова барање на киднаперите да им се дадат 10 милиони евра за да продолжат да го чуваат Груевски, но велат дека треба да добијат силни гаранции дека нема да го вратат.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.