Медитеранска салата со ракчиња

Потребни состојки:

  • 450 г ракчиња
  • 2 супени лажици сок од лимон
  • 1/4 кафена лажица бибер
  • 1 кесичка мешавина од зелена слата (150 г)
  • 1/4 шолја грубо исечкани листови босилек
  • сол
  • 3 супени лажици маслиново масло
  • 2 супени лажици исечкано свежо оригано
  • балсамиран оцет
  • еден рендан морков
  • 2-3 главици рукола
  • една краставица
  • пармезан

На големо загреано тавче ставете ги ракчињата да се зготват. Посипете ги со две кафени лажички сол и гответе ги две минути од секоја страна или додека не се готови. Во мал сад додадете го маслото со 1/2 лажичка сол и бибер и измешајте ги заедно. Измешајте ја зелената мешавина заедно со босилекот и ориганото, па прелејте ја со мешавина со масло. Додадете ги претходно ситно исечканите морков, рукола и краставица. Распоредете ја смесата во четири длабоки чинии и одозгора ставете од ракчињата. Одозгора попрскајте со балсамиран оцет и пармезан.

Нутритивни вредности за една порција: 194 калории; 11,7 г масти; 16,8 протеини; 6,2г јаглехидрати; 2г растителни влакна; 143 мг холесторол; 1,1мг железо; 417 мг натриум, 81 мг калциум.

Добар апетит!

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.