Паста со ракчиња

Потребни состојки:

  • 1 корен од целер исечкан
  • 1 морков исечкан
  • 3 чешлиња лук
  • 40 г грашок
  • шпагети од масло од сипа
  • 10 ракчиња
  • доматно пире
  • сол
  • полпа од домати

Во тавче на оган ставете 2 лажици масло и една лажица путер. Откако ќе почне да жубори растопениот путер, намалете ја ринглата на средна температура и додадете го зеленчукот, потоа додадете три лажици доматен сос и филџан вода. Доколку немате домашен доматен сос, користете 40г концентрирано доматно пире и 200г блендирана полпа од домати.

Пастата (шпагетите) од масло од сипа може да ги најдете во нашите супер маркети,

Пастата ја варите претходно. Сосот во меѓу време го одржувате на средна/ниска температура. Во сосот додадете десетина претходно исечкани ракчиња, оставете ги да се сварат во сосот.

Потоа додадете ја пастата и промешајте, гответе се заедно 2-3 минути. Сервираје и послужете.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.