Годишен хороскоп

ОВЕН (21. III – 19. IV)

Љубов

Ноември секогаш започнува романтично и страсно за вас, па оваа година нема да биде исклучок. Во првите три недели од месецот, Сонцето ќе патува во вашата 8-ма куќа на интимноста, интензивните чувства и поврзувањето, туркајќи ве во прегратката на саканиот. Силната љубов во врската на некои овни ќе резултира со свршувачка или бременост.

Пред да започне месецот, запрашајте се до каде сте подготвени да одите за љубовта. Ако сте сингл, можно е да се заљубите во некој кој живее на далечна дестинација. Последната ноемвриска недела е идеална за патувања. Некои овни ќе почувствуваат невообичаено силна привлечност со лице со кое ќе се поврзат со ум, тело и дух. Верувате ли дека секој од нас има своја сродна душа?

Седмиот ден од ноември за вас ќе биде можеби и најромантичен. Тогаш настапува млада месечина во шкорпија, вашата 8-ма куќа на интимноста и сексуалните искуства. Можно е инстантно да се заљубите во личност која ќе ја запознаете на тој ден или која во минатото ви била само атрактивна. Младите месечини секогаш носат нови поглавја, а за многу сингл овни ќе донесат почеток на нова врска.

Веќе сте во врска? На 7 ноември можно е да започнете заеднички бизнис со партнерот, да купите недвижен имот или да ги здружите вашите ресурси. Некои овни ќе го направат првиот чекор кон поголемо обврзување.

На 8 ноември ќе се случи редок космички настан – Јупитер, планетата на среќата и оптимизмот, ќе го напушти вашиот интимен сектор и ќе премине во вашата куќа на ризиците, смелоста и авантурите. Ако можете нешто да сонувате, можете и да го остварите. Раширете ги крилјата и започнете да ги следите вашите желби.

Кажете „збогум“ на сè што ве мачи во љубовта и олеснете си ја душата во втората половина од месецот. На 15 ноември сексапилниот Марс ќе започне патување во вашата 12-та куќа на завршетоците. Ќе најдете мелем за многу љубовни рани.

Сепак, најубавата вест овој месец доаѓа на 16 ноември, кога романтичната Венера ќе го прекине ретроградното движење и ќе ја врати хармонијата во врските. Ако во изминатите шест недели недоразбирањата ве тераа да легнувате со партнерот на спротивни краеви од креветот, сега силно ќе ги притиснете своите тела едно со друго и ќе уживате во топлината. Втората половина од ноември ќе ви биде микс од силни емоции кои само ќе ве зближуваат со саканиот.

Некои овни со статус сингл повторно ќе ја почувствуваат самодовербата која ја имаа пред шест недели. Ќе флертувате, заведувате и освојувате без проблеми.

Кажете му го првото здраво на оној што ви се допаѓа на 23 ноември, под светлината на полната месечина во вашата 3-та куќа на комуникацијата.

Работа и пари

Во ноември ќе работите за да заработите. Цифрата на банкарската сметка ќе ви биде екстремно важна под влијание на Сонцето кое постојано ќе ве тера да се фокусирате на вашата далечна иднина, а не само на утрешниот ден.

Некои овни на 7 ноември ќе заработат преку продажба на недвижност, други ќе склучат профитабилна зделка со деловен партнер, а трети ќе основаат заедничка фирма со партнерот.

Збогум ограниченост, здраво широк свету! На 8 ноември среќниот Јупитер ќе го напушти вашиот сектор на интимноста и ќе премине во вашата глобална куќа. Ќе го имате светот на дланка и ќе го користите тоа за да го раширите вашиот бизнис зад граница.

Додека во првата половина од месецот ќе летате од една работа на друга, ќе прифаќате дополнителни ангажмани и задачи, во втората половина ќе сакате да одморите. Откако на 15 ноември енергичниот Марс ќе „заспие“ во вашиот сектор на завршетоците, потребно е да се фокусирате на заостанатите обврски и проектите кои ги имате започнато. Работете мудро, а не напорно во овој период.

На 23 ноември ќе ви се отвори можност да ги здружите вашите вештини и ресурси со истомисленик благодарение на полната месечина во вашата 3-та куќа.

Здравје

Доаѓаат месеци во кои вирусите и бактериите се насекаде, па работете на зајакнување на вашиот имун систем. Во првите три недели од ноември, важно е да најдете начин за да го прочистите вашето тело од насобраните токсини преку детоксикација на организмот.

Кога станува збор за физичката активност во првата половина од ноември, најдоследни на вашиот распоред на тренинзи ќе бидете кога вежбате заедно со други личности. Соберете ја вашата омилена банда… Заедно сте посилни.

Откако на 15 ноември енергичниот Марс ќе премине во вашата 12-та куќа на одморот потребно е да бидете понежни кон себе и да се грижите за вашите потреби. Не ги игнорирајте симптомите што ви ги испраќа телото.

БИК (20. IV – 20. V)

Љубов

Љубовниот кораб ќе плови низ розови води за вас овој месец, а вие ќе бидете пресреќни. Сексапилот лесно ќе ве издвојува од толпата и ќе ви носи куп обожаватели. Не се плашете да бидете пребирливи, бидејќи ќе имате избор.

Сонцето цел месец ќе ги грее вашите романтични сектори, носејќи топлина и љубов во вашата врска. Партнерот ќе ви стане една од најдоверливите личности на која ќе можете да се потпрете во секој момент. Сите ваши тајни ќе излезат на виделина зашто повеќе нема да се плашите да не бидете осудувани или критикувани. Разбирањето ќе ви ги краси односите.

Облекувајте се за да оставите впечаток кај спротивниот пол ако сте сингл. Не се плашете да ја потенцирате вашата привлечност и убавина. Се разбира, тоа не значи да го разголите вашето тело, туку да ги истакнете најубавите делови од него со помош на облеката. Покажете стил!

Ваш обожавател ќе ви признае дека е заљубен во вас на 7 ноември. На тој ден на повидок се многу нови почетоци, бидејќи младата месечина ќе ја осветли вашата 7-ма куќа на обврзувањето и љубовта. Ако сте во врска, партнерот може да ве изненади со неочекуван предлог за брак.

Подготвени сте за подлабоко обврзување? По година помината во експериментирање со нови партнери, во запознавање на карактерот на саканиот и во летање на седмо небо, на 8 ноември ќе се почувствувате подготвени за следниот чекор. На тој ден Јупитер, планетата на среќата, ќе започне едногодишно патување во вашата интимна 8-ма куќа. Ќе сакате сè или ништо и нема да се задоволувате да бидете во златната средина.

Присуството на Јупитер во овој ваш сектор целосно ќе ви го промени љубовниот живот, носејќи ви случка од која нема враќање назад како бременост, свршувачка или брак. Ќе ја надминете фазата на „заљубеност и заслепеност“ и ќе направите посериозен чекор кон заедничка иднина со саканиот.

Ако не сте во врска, Јупитер ќе го зголеми вашиот сексапил, па ви претстои година во која честопати ќе бидете центар на вниманието.

Во втората половина од месецот ќе издишете со олеснување кога хармонијата ќе започне да се враќа во секое поле од вашиот живот, особено во љубовното. На 16 ноември Венера, планетата на љубовта и убавината, ќе го прекине ретроградното движење и ќе ви ја врати самодовербата и самопочитта. Ќе знаете дека заслужувате многу и нема да се задоволувате со „просек“. Некои бикови ќе сретнат потенцијален партнер за време на свој тренинг во фитнес сала.

23 ноември резервирајте го за партнерот. Полната месечина на тој ден ќе ве направи желни за старовремска романтика и убави нешта кои ги разгалуваат сетилата. Одете на вечера во тивок ресторан или почестете се со омилениот специјалитет и чаша скапо црвено вино. Ако сте сингл, можно е да споите усни со личност со џентлменски манири.

Работа и пари

Одделете време за да поработите на зајакнување на врските со деловните соработници и за проширување на мрежата од бизнис контакти. Сонцето цел месец ќе патува во вашите сектори на партнерствата, поттикнувајќи ве подобро да ги запознаете луѓето со кои работите. Колку поискрени се вашите односи, толку поуспешни ќе бидете.

На 7 ноември настапува млада месечина во вашата 7-ма куќа на сериозните партнерства и договорите. Ова е идеален ден за да го ставите вашиот потпис на хартија и да започнете нова соработка или проект кои ви ветуваат голема заработка.

На 8 ноември Јупитер, планетата на среќата и оптимизмот, ќе започне едногодишно патување во вашата 8-ма куќа, што значи дека може да купите или продадете недвижен имот, да заработите преку игри на среќа или да откриете дека сте добиле дел од наследство на ваш роднина.

Втората половина од ноември е совршена за тимска работа, бидејќи енергичниот Марс тогаш ќе патува во вашиот сектор на групните активности. Не сте сами на овој свет, па престанете да работите сами! Повеќе глави се секогаш помудри од една. Научете да ги делите успесите и наградите, а за возврат ќе добиете поголема забава.

Сметате дека заслужувате унапредување или покачување на платата? Разговарајте со вашите претпоставени на 23 ноември. Тогаш полната месечина ќе настапи во вашиот сектор на работата и парите и ќе ги круниса со успех сите ваши професионални заложби од претходните шест месеци.

Здравје

Здружете се со други личности за да го добиете телото од соништата! Во ноември ќе го следите вашиот план за тренирање и хранење само доколку вклучите и други личности во него. Дајте му ветување на вашиот сакан или на друга блиска личност дека ќе бидете најдисциплинираната верзија од себеси во претстојниот период и гледајте како лесно ги постигнувате вашите цели.

Во првата половина од месецот, енергичниот Марс ќе патува во вашата 10-та куќа на долгорочното планирање, што значи дека нема да се стремите кон брзи и неодржливи резултати и промени во начинот на живот. Среќата за вас ќе доаѓа од малите, но трајни постигнувања.

Одлична вест овој месец е прекинот на ретроградното движење на Венера во вашиот сектор на грижата за себе на 16 ноември. Имате зелено светло да ги направите посакуваните промени во исхраната, тренирањето и изгледот.

БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)

Љубов

Ноември е месец на растење и созревање на љубовен план. Ќе заборавите на детската наивност и потребата да биде секогаш сè по ваше и секоја одлука ќе ви биде зрела и обмислена. Наместо да се стремите кон доминација во врската, вие ќе работите на создавање рамноправност во неа.

На 8 ноември Јупитер, планетата на среќата и оптимизмот, ќе започне едногодишно патување во вашата 7-ма куќа на обврзувањето и сериозните партнерства, поттикнувајќи ве да работите на зајакнување на темелите на вашата љубовна врска или на брачните односи. Можно е да забележите дека партнерот има огромна почит кон вас или дека е посклон да ви помага во домашните обврски. Некои партнери ќе започнат да патуваат низ светот заедно, додека други, повторно ќе се заколнат на вечна љубов.

Во орбитата на близнаците со статус сингл Јупитер ќе донесе многу нови лица со интересни карактери, зголемувајќи ги шансите да ја пронајдат својата сродна душа. Не е исклучена веројатноста да се заљубите во лице со друга држава или култура под „капата“ на Јупитер.

Сексапилниот Марс на 15 ноември ќе ја напушти вашата авантуристичка 9-та куќа и ќе се пресели во вашиот сектор на долгорочното планирање. Дали сте подготвени да стапите во брак, да се обврзете на вечна љубов или да создадете семејство? Време е да одлучите.

Прекрасна вест е прекинот на ретроградното движење на Венера, планетата на љубовта и убавината, на 16 ноември. Од 5 октомври наваму, романтичната планета ве тераше да се сомневате во искреноста на партнерот, ви ја намалуваше самодовербата и ве правеше несигурни во флертувањето… Но сега, ситуацијата целосно ќе се промени кога Венера ќе воспостави директно движење во вашата 5-та куќа на страста, романсата и флертувањето.

Ќе блеснете пред светот со нова самодоверба, со излечено срце и без никакви комплекси. Како вистинска дива ќе привлекувате внимание каде и да се појавите, а вашата комуникативност ќе ви донесе многу нови додворувачи. Но, нема ни да помислувате да излезете со некој од нив ако тој не ве почитува и цени онакви какви што сте.

Ако сте во врска, страста ќе ви го исполни телото и ќе ве поттикне да иницирате физичка интимност со партнерот. Ќе ја разголите и душата и телото пред него и ќе дозволите фантазијата да ве води во спалната соба. Силната страст ќе им донесе на некои близнаци позитивен тест за бременост.

Полната месечина во вашиот знак на 23 ноември ќе биде еден вид полуроденден за вас. Сè што сте замислиле за роденденот, а не ви се исполнило, ќе се смести во вашата реалност на овој ден. Дотерајте се и излезете, ова е моќен ден за вас кога рефлекторите ќе се насочат во ваш правец и ќе ве стават во центарот на вниманието.

Работа и пари

Технологијата е ваш пријател овој месец, како и вашите колеги, па не ја одбивајте тимската работа. На 6 ноември оригиналниот Уран ќе се врати во вашата 11-та куќа на групните активности и нема да се врати тука во следните 84 години. Засилете го вашето присуство на социјалните мрежи, особено ако имате сопствен бизнис. Под влијание на Уран ќе добиете голем број нови следбеници и ќе станете влијателна личност во вашата сфера на работење.

Прекрасен ден за близнаците кои работат во администрација или организирање на настани е 7 ноември. Тогаш младата месечина ќе настапи во вашата 6-та куќа и ќе ви помогне да се истакнете од другите на брилијантен начин. Можно е да започнете прекрасен проект кој ќе ви донесе големи награди и широки насмевки во претстојниот период.

Нa 16 ноември енергичниот Марс ќе ја напушти вашата 9-та куќа на патувањата и авантурите и ќе премине во вашиот сектор на кариерата и долгорочното планирање, поттикнувајќи ве да се фокусирате на создавање на траен добар имиџ.

Споделете ваша идеја со светот на 23 ноември.

Здравје

Подгответе се за реорганизација на вашиот живот, за дисциплинираност и темелни анализи. Во првите три недели, Сонцето ќе престојува во вашата 6-та куќа поттикнувајќи ве редовно да си одделувате време за физичка активност и да го збогатувате списокот за пазарување со здрави намирници. Некои близнаци ќе започнат да го проучуваат нутриционизмот за да откријат како правилно да се хранат. Ова е месец кој ќе го посветите на здравјето и физичката активност.

Во првата половина од месецот, поминувајте колку што е многу повеќе време на отворено, бидејќи свежиот воздух ќе ви годи.

РАК (21. VI – 22. VII)

Љубов

Вдишете и наполнете го вашето тело со мирисот на љубовта, бидејќи таа ќе биде во воздухот овој месец. Започнува гламурозен период за вас во кој ќе уживате да танцувате во центарот на вниманието.

Сонцето во првите три недели ќе патува во вашата 5-та куќа на гламурот, веселоста и забавата. Ќе престанете да чекате бурата да одмине, туку ќе научите да танцувате под дождот. Што и да се случува околу вас, вие ќе извикувате: „Животот е убав“ и тој навистина ќе биде убав за вас. Додворувачите ќе чекаат ред за да украдат делче од вашето време за да ве запознаат подобро.

Ако сте во врска, со партнерот ќе застанете на истата среќна и светла страна од оградата и ќе го играте најубавото танго во вашиот живот. Огромната страст меѓу вас може да резултира со бременост, па ако не планирате да имате деца, бидете внимателни.

Во меѓувреме, сексапилниот Марс до 15 ноември ќе ја вжештува атмосферата во вашиот сектор на интимноста и интензивните чувства, правејќи ве бестрашни во љубовта. Некои ракови ќе се охрабрат да кажат за првпат „Те сакам“, други ќе започнат отворено да флертуваат со оној што им се допаѓа, а трети ќе експериментираат во спалната соба со партнерот. Сè што се случува зад затворени врати, треба да остане таму.

Младата месечина на 7 ноември ќе ве одведе во една прекрасна бајка во која сè ќе биде розово и прекрасно. Грижите на овој ден нема да имаат место во вашите мисли, бидејќи ќе уживате во секоја секунда од денот. Ќе обожавате да љубите. Ако престанавте да одите на љубовни состаноци, бидејќи ги сметавте за загуба на време, сега вратете се во игра. Можно е да го сретнете вистинскиот за вас во следните две недели.

На 15 ноември Марс ќе се пресели во вашиот сектор на далечните дестинации и експанзијата, правејќи ве поотворени кон различните од вас. Втората половина од месецот ќе роди многу нови врски на далечина или ќе ја зголеми привлечноста меѓу вас и лице од друга култура. Љубовта дефинитивно нема да познава граници.

На 23 ноември ќе настапи полна месечина во вашата 12-та куќа на завршетоците и ќе ви помогне да затворите многу болни и тешки љубовни поглавја и да се насочите кон нови почетоци. Некои ракови ќе сретнат личност која ќе им помогне да заборават на бившиот, други конечно ќе ѝ опростат на личност која ги повредила, трети ќе се ослободат од омразата која им ја труела душата.

Секое лошо за добро е. Ќе научите скапоцени лекции од грешките кои ги направивте во минатото, а тоа ќе ви помогне да не ги повторувате во иднина.

Работа и пари

Вашето најсилно оружје на работа овој месец ќе биде вашата креативност. Сонцето ќе ги помине првите три недели во вашата 5-та куќа и ќе ве охрабри да ја истакнувате вашата оригиналност. Не бегајте од невообичаените идеи, туку споделете ги, тие ви се најсилниот адут.

Прекрасен ден за визуелна презентација на ваша замисла е 7 ноември. Младата месечина ќе ви помогне да ја маѓепсате вашата публика со зборови. На тој ден, очекувајте само аплаузи.

На 6 ноември оригиналниот и иновативен Уран ќе се врати во вашата 10-та куќа на кариерата и долгорочното планирање и нема да се појави тука во следните 84 години. Ако сакате да направите смел потег во кариерата, ова е вашата најдобра шанса.

На 15 ноември, енергичниот Марс ќе ви донесе интересна понуда за заминување во странство за работа, образование или деловен состанок. Прифатете ја!

Последната недела од ноември ќе го разбуди перфекционистот во вас. Ниту еден детаљ нема да му „бега“ на вашиот соколов поглед, па тешко некој ќе може да скрие важна информација од вас.

Здравје

Преуредете ги полиците во шпајзот и фрижидерот за да направите повеќе простор за здрави намирници. Доаѓа година во која целосно ќе го промените вашиот животен стил и вашиот изглед со помош на храната и физичката активност. На 8 ноември Јупитер, планетата на среќата и оптимизмот, ќе започне 13-месечно патување во вашата 6-та куќа на здравјето и фитнесот, вртејќи го вашиот фокус кон грижата за себе.

Ако досега ги прескокнувавте докторските прегледи, сега ќе сакате да знаете точно како функционира вашето тело. Започнува година која е совршена за намалување на холестеролот, слабеење и нормализирање на крвниот притисок. Поминувајте колку што е можно повеќе време во природа.

Некои ракови, под влијание на Јупитер, ќе најдат работа со пофлексибилно и пократко работно време, која ќе им носи и помал стрес.

На 22 ноември и Сонцето ќе му се придружи на Јупитер во вашиот сектор на грижата за себе.

ЛАВ (23. VII – 22. VIII)

Љубов

Отворете ги градите, бидејќи вашето срце нагло ќе порасне овој месец. Додека надвор температурите опаѓаат, внатре во вас ќе се шири топлина која ќе му даде посебен сјај на вашето лице. Армија планети ќе транзитираат низ вашите романтични сектори, потсетувајќи ве дека големи се срцата што сакаат.

Сексапилниот Марс цел месец ќе ги вжештува вашите љубовни сектори и ќе ви дава магнетска привлечност. До 15 ноември оваа „огнена планета“ ќе патува во вашата 7-ма куќа на сериозните партнерства, правејќи ве најсреќни кога сте во друштво на вашиот сакан. Поминувајте колку што е можно повеќе време со него. Наоѓајте мали начини за да му докажете дека тој е единствен за вас.

Дополнителните напори кои ги вложувате во врската ќе ви се исплатат откако Марс ќе премине во вашиот сектор на силните чувства на 15 ноември. Но, неговото присуство во овој ваш сектор понекогаш носи љубомора и посесивност.

Не сте во врска? Во ноември треба само да ја изберете вашата мета за таа да „падне“ на вашиот шарм. Флертувајте без задршки, а и зошто би се воздржувале кога знаете дека тоа е начинот на кој можете да го добиете она што го сакате.

Ретко, но за вас прекрасно случување, е влегувањето на Јупитер во вашата 5-та куќа на 8 ноември. Ако некој може да го освои светот во претстојната година, тоа дефинитивно ќе бидат лавовите. Планетата на среќата и оптимизмот ќе престојува во вашиот сектор на страста и романсата до декември следната година, што значи дека ви претстои љубовна преродба.

Непосредно пред празничната сезона, вие ќе го облечете вашето најгламурозно руво и ќе привлекувате внимание каде и да се појавите. Потсетете се дека петтата куќа е и куќа на плодноста, па во претстојната година многу лавови ќе откријат дека се во блажена состојба.

На 16 ноември Венера, планетата на љубовта и убавината, ќе го прекине ретроградното движење, враќајќи ја хармонијата во вашата врска. Ако во изминатите шест недели си разменивте остри и непромислени зборови со партнерот, сега ќе ги „закопате секирите“ и ќе започнете да се стремите кон разумен компромис.

На 22 ноември и Сонцето ќе му се придружи на Јупитер во вашата 5-та куќа на задоволството. Ќе паѓате на искушенија, бидејќи ќе го обожавате животот. Ќе сакате да искусите сè и многу нешта ќе направите за првпат во последната недела од месецот. Можно е да се заљубите во личност за која сте се колнеле дека не е ваш тип.

Работа и пари

Не, во ноември нема да бидете сами против светот. Патувањето на енергичниот Марс во вашите сектори на партнерствата ќе ве поттикнува да се здружите со други личности за да ги постигнете вашите цели. Некои лавови ќе чувствуваат силен притисок да потпишат одреден договор, но направете го тоа само ако вие се чувствувате подготвени.

На 6 ноември иновативниот Уран за последен пат во следните 84 години ќе ја потсети вашата 9-та куќа на патувањата и одморот, овозможувајќи ви да здивнете и да ги наполните батериите пред целосно да се фокусирате на кариерата во март следната година. Ова е одличен период за започнување сопствен бизнис или за проширување на веќе постоечкиот.

Внимавајте да не пропуштите важен детаљ на договор што го потпишувате во втората половина од месецот, кога Меркур ќе се движи ретроградно во стрелец. Можно е некој умислено да скрие важна информација од вас.

Тимски проект кој многу ви значи ќе биде реализиран на 23 ноември кога полната месечина ќе ја осветли вашата куќа на тимската работа и групните активности. Наздравете заедно со колегите за вашите успеси.

Здравје

Во ноември ќе бидете многу подисциплинирани и поупорни доколку вежбате заедно со партнерства, бидејќи Марс цел месец ќе ве турка кон создавање сојузи на секое поле од животот.

Сепак, овој месец треба да бидете и нежни кон себе и да си го посветувате вниманието што го заслужувате. Во првите три недели од ноември, Сонцето ќе престојува во вашата 4-та куќа на нежноста и грижата за себе. Почестете се со масажа за релаксација, третман за разубавување или одмор без стрес.

ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)

 Љубов

Ноември секогаш започнува весело, игриво и забавно за вас, па оваа година нема да биде исклучок. Ќе ги обожавате луѓето, а луѓето ќе ве обожаваат вас. Ќе живеете за продуктивни разговори кои раѓаат нови идеи во вашата глава. Ова е месец на промени, но вие вешто ќе се адаптирате на нив.

Сонцето ќе ги помине првите три недели од месецот во вашата 3-та куќа на комуникацијата, идеите и истомислениците, носејќи во вашата орбита многу нови пријатели кои искрено ќе ве разбираат. Некои од нив подоцна ќе прераснат во нешто повеќе од пријатели. Ако сте во врска, зачестете ги излегувањата со партнерот во големи друштва.

На 6 ноември Уран, планетата на оригиналноста, со ретроградно движење ќе се врати во вашата интимна 8-ма куќа каде ќе остане до март следната година и нема да се врати тука во следните 84 години. Уран ќе ве поттикне да направите нешто што одамна сте го посакувале – некои девици ќе ги излеат своите чувства, други ќе влезат во врска, трети ќе прекинат врска или ќе одлучат да се разведат, четврти ќе продадат недвижен имот. Промените се неизбежни.

Уште една голема вест овој месец е влегувањето на Јупитер, планетата на среќата, во вашата 4-та куќа на домот и семејството на 8 ноември. Можно е конечно да ви се оствари сонот да купите свој дом, да се преселите во ново живеалиште или да се вселите под ист покрив со партнерот.

Во претстојните 13 месеци ќе трагате по стабилност на љубовен план, па ќе ви се допаѓа идејата да направите голем чекор кон поголемо обврзување. Некои девици ќе одлучат да го прошират семејството со нов член. Ви претстои возбудлив период.

Љубовта ќе стане жешка тема за вас во втората половина од месецот и тогаш треба да ги очекувате најромантичните ноќи и најзабавните денови овој месец. На 15 ноември сексапилниот Марс ќе влезе во вашата 7-ма куќа на сериозните партнерства, туркајќи ве кон поголемо обврзување. Одеднаш ќе дишете во ист ритам со партнерот и ќе се разбирате еден со друг како никогаш досега. Тоа за некои девици ќе доведе до брак или свршувачка.

Не сте во врска? Не за долго! Под влијание на Марс, вашиот сексапил ќе дојде максимално до израз, а вие ќе привлечете прекрасни личности кон себе. Ќе имате можност да бидете пребирливи, но избирајте внимателно.

Одлична вест е прекинот на ретроградното движење на Венера, планетата на љубовта и убавината, кое ќе се случи на 16 ноември. Самодовербата ќе ви ја исправи главата, ќе ве поттикне секогаш да изгледате средено, а тоа неизбежно ќе насочи многу погледи во ваш правец. Само напред, флертувајте со оној што ви се допаѓа и гледајте како магија се случува пред вашите очи.

Ако сте во врска, директното движење на Венера ќе ви ја врати хармонијата во врската и по тешки шест месеци, искрено ќе чувствувате дека сте со вистинската личност.

Работа и пари

Прифатете ги подадените раце овој месец! Енергичниот Марс ќе ја помине првата половина од месецот во вашата 6-та куќа на перфекционизмот и административните работи. Постојано ќе бидете под стрес за да бидете најдобрата верзија од себе или ќе имате потреба од помош за да завршите некој проект пред крајниот рок. Здружете се со личности кои можат да ви помогнат.

Одлично ќе комуницирате со светот овој месец, па не треба да се плашите да не бидете погрешно разбрани. Во првите три недели од месецот, Сонцето ќе патува во вашиот сектор на комуникативноста, правејќи ве слаткоречиви и милозвучни.

Многу е важно да внимавате во што инвестирате во следните месеци. На 6 ноември Уран со ретроградно движење ќе се врати во вашиот сектор на богатството и заедничките инвестиции, намалувајќи ја вашата способност да гледате во иднината. Постои веројатност да посегнете по вашата заштеда или да влезете во долгови, па бидете внимателни.

Откако на 15 ноември енергичниот Марс ќе премине во вашиот сектор на партнерствата и договорите, вие ќе создадете силен сојуз со личност која одлично ги надополнува вашите слаби страни или ќе склучите профитабилна зделка.

Здравје

Во ноември нема да го занемарувате вашето здравје и можно е конечно да ги направите одложуваните лекарски испитувања и прегледи. Енергичниот Марс во првата половина од месецот ќе го вжештува вашиот сектор на здравјето и фитнесот, зголемувајќи ја вашата издржливост и мотивација.

Работете на зајакнување на вашиот имун систем, бидејќи ќе бидете склони кон вируси, бактерии и настинки откако на 17 ноември Меркур ќе започне да се движи ретроградно во вашиот сектор на здравјето.

ВАГА (23. IX – 22. X)

 Љубов

Шарм, харизма и атрактивност ќе ви донесе претпоследниот месец од годината. Прекрасно ќе се чувствувате во сопствената кожа и ќе биде потребен само еден поглед во огледалото за да си ја зголемите самодовербата. Сепак, откажете се од потребата за совршен баланс во вашиот живот овој месец.

Сексапилниот Марс ќе ја помине првата половина од ноември во вашата 5-та куќа на гламурот и задоволствата. Ќе го обожавате животот и максимално ќе ја користите неговата убавина. Бидејќи нема да штедите време за да изгледате совршено, очекувајте море од нови додворувачи.

Некои ваги кои се во врска по „вторпат“ ќе се заљубат во саканиот и повторно ќе ја почувствуваат истата страст како на почетокот. Ништо нема да ви биде поскапоцено од моментите поминати насамо во романтична атмосфера.

Проблеми во рајот ќе ви предизвикува ретроградното движење на Венера до 16 ноември. Можно е на моменти да се сомневате во искреноста на партнерот, да одите од една екстремност во друга во однесувањето кон него или да се прашувате дали сте во правилната врска. Откако планетата на љубовта и убавината ќе го прекине ретроградното движење, ќе бидете убедени дека сте онаму каде што треба да бидете.

Ако Венера врати ваш поранешен партнер во вашиот живот, на 16 ноември ќе ја донесете конечната одлука – или ќе му дадете уште една шанса да ве усреќи или засекогаш ќе се збогувате со него.

Деветтиот ден од ноември ќе биде екстремно романтичен за вас. Космичките партнери Марс и Венера ќе се обединат за да го обојат вашиот ден во бојата на љубовта. Ако до тој ден само флертувавте со оној што ви се допаѓа, тогаш вашата хемија ќе прерасне во нова врска.

На 15 ноември сексапилниот Марс ќе ја напушти вашата страсна 5-та куќа и ќе се пресели во вашиот сектор на фитнесот и грижата за себе. Ќе ги обожавате лицата со одржано тело, па веројатно ќе бидете и романтично привлечени од таква личност. Некои парови во овој период ќе започнат заедно да вежбаат.

Полната месечина на 23 ноември ќе ве направи неверојатно отворени и толерантни кон различностите. Некои ваги ќе се заљубат во личност од друга култура, а некои во личност која не ја сметале за свој тип. Спротивностите ќе се привлекуваат на овој ден.

Работа и пари

Продуктивноста ќе биде ваше секојдневие во ноември, кога Сонцето ќе патува во вашата практична 2-ра куќа. Нема да работите најнапорно, но дефинитивно ќе работите најмудро овој месец и тоа ќе биде потребно за да ги постигнете вашите цели.

Ако имавте аплицирано за вашето прво работно место или за нова работна позиција, ќе си ја постигнете целта на 7 ноември. Тогаш настапува млада месечина во вашиот сектор на работата и парите, носејќи ви нови почетоци на професионален план. Унапредување, вработување и покачување на платата е запишано во ѕвездите за вагите.

Голем настан овој месец е влегувањето на Јупитер, планетата на среќата и патувањата, во стрелец на 8 ноември. Изминатата година ви беше исполнета со работа, работа и пак работа, ама затоа оваа повеќе ќе ве насочи кон зајакнување на врските со луѓето и на зголемување на вашата мрежа од контакти. Поврзете се со лица од други држави со слични идеи како вашите, можно е да започнете меѓународна соработка.

На 15 ноември енергичниот Марс ќе ја напушти вашата весела 5-та куќа и ќе се пресели во вашиот сектор на организираноста и перфекционизмот. Темелната и исцрпна работа ќе ве оддели од конкурентите во втората половина од месецот.

Дали би прифатиле понуда за работа во странство? Одговорете си на тоа прашање, бидејќи ќе имате таква можност на 23 ноември, кога полната месечина ќе настапи во вашата 9-та куќа на патувањата и далечните дестинации. На овој ден можно е да резервирате претстојно патување или да потрошите поголема парична сума подалеку од местото на живеење.

Здравје

Во првата половина од ноември ќе ви биде тешко да им одолеете на слатките задоволства, вкусните јадења и можеби омиленото вино, па ќе ви биде тешко да следите строг режим на исхрана. Нема ништо лошо во тоа да се почестите со вкусно јадење сè додека редовно тренирате, а благодарение на Марс, енергија нема да ви недостига.

На 15 ноември енергичниот Марс ќе се всели во вашата 6-та куќа на здравјето и фитнесот и ќе ви го даде она семоќно чувство „Јас можам сè“. И навистина ќе можете, потребна е само желба.

Крајот на месецот ќе ве поттикне да експериментирате со различните физички активности и животни стилови за да го пронајдете оној што вам најмногу ви одговара. На 25 ноември Нептун, планетата на слободната волја, ќе го прекине ретроградното движење во вашиот сектор на здравјето и фитнесот и ќе ве поттикне повеќе да се грижите за себе.

ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)

Љубов

Блеснете во полн сјај, ова е вашиот омилен месец од годината. Ако сè уште не сте си ја замислиле роденденската желба, направете го тоа сега.

Сонцето продолжува да патува во вашиот знак и ќе престојува во него до 22 ноември. Фокусирајте се на сопствената среќа, на вашите желби и на зголемување на вашиот оптимизам. Животот навистина ќе биде прекрасен и дарежлив кон вас во претстојниот период. Среќна личност е и привлечна личност, па колку поширока ќе биде вашата насмевка, толку повеќе погледни ќе насочувате кон себе.

Прекрасен ден за вас ќе биде 7 ноември. На тој ден ќе настапи млада месечина во вашиот знак и ќе отвори прекрасно поглавје во вашиот живот. Можно е ваша голема желба да се исполни на овој ден и да ви донесе огромна доза радост. На љубовен план, не бидете скромни. Имате зелено светло да ги одржувате вашите критериуми на високо ниво, бидејќи ќе пронајдете личност која ќе ги задоволи.

Ако сте во врска, ќе забележите дека на партнерот повеќе отсекогаш му е потребно вашето мислење за да донесе одлука. Почит и доверба ќе зацаруваат во вашите односи.

Втората половина од месецот ќе ви биде како чекорење низ романтична бајка со среќен крај. На 15 ноември сексапилниот Марс ќе ја напушти вашата удобна 4-та куќа и ќе се смести во вашиот сектор на страста, романсата и флертувањето, давајќи ви харизма каква што ретко некој поседува. Соблечете ги удобните топлинки и ставете ги омилените штикли, а потоа излезете и покажете му на светот зошто шкорпиите се нарекувани „заводници на зодијакот“.

Ако сте сингл, ќе најдете личност која ќе ве гледа како да ѝ сте цел свет, која ќе ви ја отвора вратата и ќе го обожава вашиот брилијантен ум. Лесно ќе се заљубите во неа.

Шкорпиите кои се во долга врска можно е да се изненадат на позитивен тест за бременост под „капата“ на Марс. Силната страст честопати носи вакви слатки изненадувања, зарем не?

Добра вест е прекинот на ретроградното движење на Венера, планетата на љубовта и убавината, во вашиот сектор на лекувањето и завршетоците на 16 ноември. Ако во изминатиот период ви беше тешко, па дури и невозможно, да прекинете врска во која се гушевте, сега ќе соберете храброст да го направите тоа. Додека некои шкорпии ќе ги прекинуваат врските што не ги усреќуваат повеќе, други ќе го излечат скршеното срце и ќе научат повторно да сакаат, а трети ќе му опростат на лице кое ги повредило во минатото и ќе престанат да си ја трујат душата со омраза.

Резервирајте го 23 ноември само за саканиот. Тогаш ќе настапи полна месечина во вашата 8-ма куќа на интимноста и интензивните чувства, зголемувајќи го вашето либидо. Тие силни чувства за некои шкорпии ќе значат влегување во нова врска, за други свршувачка, а за трети – бременост.

Работа и пари

Насмевнете се широко! Најдобрата година на професионален план за вас ќе започне овој месец. На 8 ноември Јупитер, планетата на среќата, ќе влезе во вашата 2-ра куќа на работата и парите и ќе ви донесе успеси и награди за напорната работа. Некои шкорпии во претстојните 13 месеци ќе бидат унапредени, а на други ќе им биде значително зголемена платата. Ќе станете незаменливи на работното место.

Сите очи ќе бидат насочени кон вас на 7 ноември, кога ќе настапи млада месечина во вашиот знак. Ако имате идеја која сакате да ја видите реализирана, споделете ја со светот на тој ден и ќе ги привлечете вистинските луѓе кои можат да ви помогнат.

Кариерата и напредокот во неа ќе ви стане приоритет во втората половина од месецот, кога Сонцето ќе влезе во стрелец. Ќе се чувствувате семоќно и ќе верувате дека за вас нема невозможни мисии. Така и ќе биде.

Во последните две недели од ноември, можни се проблеми со технологијата. Проверувајте дали вашите мејлови ги испраќате на точната адреса, особено ако содржат важни или доверливи информации.

Здравје

Овој месец нема да ви недостига енергија, ниту пак мотивација, што е јасен знак дека ќе бидете активни и посветени на промени во начинот на живот.

На 6 ноември Уран, планетата на слободната волја и оригиналноста, ќе ја посети вашата 6-та куќа на здравјето и фитнесот. Уран нема да се врати тука во следните 84 години, па искористете го максимално неговото присуство за да создадете правилен и одржлив режим на исхрана и физичка активност. Исфрлете го стресот од вашиот живот и организирајте го вашето време така што ќе балансирате во секое поле од животот.

И среќниот Јупитер ќе „навива“ за да ги промените навиките кои му штетат на вашето тело. Од 8 ноември па до декември следната година, оваа планета на оптимизмот ќе патува во вашиот сектор на рутините, поттикнувајќи ве да погледнете на посветлата страна на животот.

СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)

Љубов

Ако некој овој месец може да се нарече среќник, тоа сте дефинитивно вие. Животот ќе ви скрои прекрасна мрежа во која вие со задоволство ќе сакате да паднете. Настаните кои ви претстојат ќе ве уверат дека животот е убав. Сепак, на прагот сте на вашата роденденска сезона, зарем не?

Во првите три недели од месецот, Сонцето ќе го грее вашиот сектор на завршетоците и лекувањето, поттикнувајќи ве да им кажете „чао“ на нештата кои ве мачат или кои залудно одземаат дел од вашето време и простор. Колку повеќе врати ќе затворите зад вас, толку повеќе нови можности ќе отворите пред вас.

Прекрасна вест за вас е преминот на Јупитер, вашата планета владетел, во вашиот знак на 8 ноември. Тоа е совршен рецепт за среќен и просперитетен живот во претстојната деценија. Ќе чувствувате дека нештата повторно се движат во посакуваниот правец и дека сте обожавани од вашиот партнер.

Ако во изминатиот период се чувствувавте невидливи на љубовен план, сега ќе бидете повеќе од видливи, ќе бидете центар на вниманието. Доколку не сте во врска, ова е ваш момент да ги привлечете сите правилни додворувачи кон себе. Бидете пребирливи, но не оценувајте само според изгледот, туку погледнете и во душата.

На 6 ноември непредвидливиот Уран за последен пат во претстојните 84 години ќе ја посети вашата 5-та куќа на страста, романсата и флертувањето. Очекувајте го неочекуваното на љубовен план.

Во втората половина од ноември, ќе копнеете да се „вдомите“. На 15 ноември сексапилниот Марс ќе премине во вашиот сектор на домот и семејството и ќе поттикне некои стрелци да започнат да живеат под ист покрив со саканиот, други да инвестираат во заеднички дом со него, а трети да започнат да размислуваат за проширување на семејството.

Ако неодамна излеговте од лоша врска или вашето срце сè уште е рането, женска личност ќе ви помогне да се издигнете од пепелот посилни отсекогаш. Таа ќе стане ваш ментор од кој ќе научите дека вистинската љубов може да се роди повеќепати во еден живот. Нови почетоци се за повидок за многу соло стрелци.

Уште една одлична вест е прекинот на ретроградното движење на романтичната Венера во вашата 11-та куќа на групните активности на 16 ноември. Повторно ќе започнете да се забавувате како пар со партнерот и можно е заедно да ги посетите најлудите забави. Силна хемија ќе се роди меѓу некои стрелци и нивен пријател.

На 23 ноември ќе настапи полна месечина во вашата 7-ма куќа на сериозните партнерства и обврзувањето, носејќи свршувачки, бракови и позитивни тестови за бременост. Дали сте подготвени да ја одведете врската на следното скалило?

Работа и пари

Правете го она што најдобро го правите, бидејќи тоа ќе биде доволно вој месец. Со среќниот Јупитер во вашиот знак, нема да има погрешни чекори за вас. Ќе се чувствувате незапирливо и ќе реализирате многу ваши животни цели. Вреди да ризикувате под „чадорот“ на Јупитер.

Енергичниот Марс во првата половина од месецот ќе патува во вашата 3-та куќа на идеите и локалните настани, охрабрувајќи ве да им кажете „ДА“ на проектите кои ќе се реализираат во близина на вашиот дом или кои се насочени кон подобрување на условите за живот во вашата родина. Ќе ви се допаѓа чувството дека придонесувате во вашата заедница.

Сепак, додека Јупитер и Марс ќе ве тераат да летате од една обврска на друга, Сонцето ќе ве потсетува на важноста на одморот. Воспоставете здрав баланс за да не се истоштите премногу пред да започне вашиот период од годината.

Е откако ќе започне вашата сезона на 22 ноември, слободно летајте колку и да сакате. Батериите брзо ќе ви се полнат и во ниту еден момент нема да се чувствувате преморено.

Здравје

Грижете се за себе – ова ви го порачува Сонцето овој месец. Во првите три недели од ноември тоа ќе патува во вашиот сектор на одморот и грижата за себе, поттикнувајќи ве да си легнувате порано и да си го давате неопходниот 8-часовен сон.

Дополнително, Марс на 15 ноември ќе премине во вашиот сектор на нежноста, па ќе започнете да се однесувате кон себе со внимание. Повеќе нема да се осудувате себеси за грешките од минатото. Тоа ќе ви ги намали стресот и нервозата.

Во последната ноемвриска недела имате зелено светло да експериментирате со физичката активност и да го зголемите интензитетот на вашите тренинзи.

ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)

Љубов

Време е за самоанализа! Ноември ќе ве поттикне да го видите вашиот живот под лупа, да ги затворите поглавјата кои ве мачат и да им кажете збогум на лицата кои ви будат негативни чувства. Лесно ќе опростувате, но тешко ќе заборавате, па ќе биде речиси невозможно да дадете втора шанса на личност која ве повредила.

Овој месец Јупитер, планетата на среќата, ќе се пресели во вашата 12-та куќа на завршетоците и скриените агенди на 8 ноември. Ќе имате способност да проникнете во душата на другите и да ги видите нивните вистински намери, па никој нема да може да манипулира со вас. Ако забележите и најмала доза неискреност во нечии зборови, бегајте! Дозволете им да ви се доближат само на чистите и искрени души.

Јупитер исто така ќе ве научи да ги користите вашите фантазии за да откриете што е она што ви недостига во љубовната врска. Отворено разговарајте со партнерот за вашите желби и потреби, бидејќи тој со задоволство ќе ги исполни.

9 ноември ќе биде и најромантичен за вас поради тоа што космичките љубовници Марс и Венера ќе играат нежно танго над вашата глава. Разговарајте за сериозните прашања за иднината во интимна атмосфера со партнерот.

Во првата половина од месецот, сексапилниот Марс ќе патува во вашата 2-ра куќа на стабилноста, па ништо нема да ве прави посреќни од изјавите на партнерот дека никој и ништо не може да ве раздели и дека засекогаш ќе бидете заедно.

Сериозноста ќе биде предуслов за да му дадете шанса за рандеву на некого ако сте сингл. Нема ни да помислувате да пуштите во вашата безбедна зона незрели личности кои не знаат што сакаат.

На средината од месецот Марс, планетата на страста, ќе започне патување во риби. Бидејќи тоа е вашата 3-та куќа на локалните настани, не е исклучена можноста во втората половина од ноември да се заљубите во ваш сосед или во пријател од детството. Вистинската љубов е многу поблиску до вас одошто си мислите!

Ако во изминатиот период презафатеноста и кариерата ви отвораа фронт за борба со партнерот, сега заемно ќе започнете да го цените напорот кој го вложувате. На 16 ноември романтичната Венера ќе го прекине ретроградното движење во вашата професионална 10-та куќа и ќе ја врати хармонијата во вашата врска. Десеттата куќа исто така управува со мажите, па во втората половина од месецот, ќе добиете шанса да си ги подобрите односите со важна личност од посилниот пол.

Работа и пари

Тимската работа е ваша омилена работа овој месец! Во првите три недели од месецот, Сонцето ќе ја грее вашата 11-та куќа на групните активности и ќе ве тера да им кажете ДА на проектите во кои се вклучени многу луѓе или вашите омилени колеги. Најубавите идеи во вашата глава ќе се раѓаат кога сте обиколени со луѓе.

Во меѓувреме, енергичниот Марс ќе патува во вашата 2-ра куќа на работата и парите, правејќи ве незапирлива сила на професионален план. Многу нови можности за дополнителна заработка ќе се појават пред вас, но тоа не значи дека треба сите да ги прифатите. Селектирајте ги најдобрите.

Откако на 15 ноември жестокиот Марс ќе премине во вашиот сектор на комуникацијата, вашиот глас ќе биде екстремно моќен. Ако имате важна порака да ја испратите во светот, пуштете објава на социјалните мрежи. Постои шанса таа да стане вирален хит и да поттикне многу промени.

На 23 ноември ќе настапи полна месечина во вашата 6-та куќа на деталите, наградувајќи го вашиот перфекционизам. Многу јарци ќе се одделат од конкурентите благодарение на темелната работа.

Здравје

Можете да ги промените навиките, можете да се откажете од пороците и можете да бидете најдобрата верзија од себеси овој месец. Во првата половина од ноември, енергичниот Марс ќе патува во вашиот сектор на рутините и сериозноста и ќе ве поттикне да ги замените лошите навики со многу подобри. Некои јарци ќе се откажат од пушењето, а други ќе започнат редовно да вежбаат. Ура за позитивните промени!

Откако на 22 ноември Сонцето ќе „заспие“ во вашата 12-та куќа, ќе чувствувате дека брзо се изморувате, па намалете го темпото на тренирање. Многу е важно да имате квалитетен сон.

ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)

Љубов

Страста и желбата за живот ќе ве обземат во ноември. Интензитетот на романтичните чувства ќе биде преголем за водолиите да можат да одречат дека се заљубени и тоа јасно ќе се чита на нивното лице.

Причината за тоа ќе биде престојот на сексапилниот и страстен Марс во вашиот знак. Ќе се чувствувате секси и привлечно во сопствената кожа и ќе блескате со самодоверба. Ќе верувате дека можете да му го привлечете вниманието на секој што ќе посакате, а така и ќе биде. Сепак, присуството на агресивната планета тука ќе направи некои водолии да изгледаат нападно, па не е лошо да бидете внимателни.

Бременост и свршувачка се запишани во ѕвездите за многу водолии кои се во врска во првата половина од месецот. Сепак, други нема да ја издржат претераната љубомора во врската и во периодот до 15 ноември ќе му раскинат на партнерот. Љубовта е непредвидлива.

Дополнителни проблеми во рајот до 16 ноември ќе создава ретроградното движење на Венера, планетата на љубовта и убавината. Можно е да се карате со партнерот за вашите бивши или да отворате стари рани кои сè уште болат. Во животот на некои водолии ќе се врати нивен поранешен партнер со кого се разделиле поради преселување. Не носете избрзани одлуки на љубовен план во овој период.

Желбата за забава, живот и дружби ќе ве води на најлудите журки и најгласните места овој месец. Многу нови пријатели и познаници ќе влезат во вашиот радиус благодарение на влегувањето на среќниот Јупитер во вашата 11-та куќа на пријателството и групните активности на 8 ноември. Ќе ги обожавате луѓето и ќе бидете душата на вашето друштво. Уживајте во прекрасниот друштвен живот.

Прекрасен ден за сите нас овој месец ќе биде 9 ноември, благодарение на поставеноста на космичките љубовници Марс и Венера. Ќе зрачите со харизма и без да се трудите. Истакнете ја природната убавина и ќе привлечете голем број обожаватели.

Во втората половина од ноември, сериозноста ќе биде секси за вас. Ќе трагате по партнер кој знае што сака, кој веќе се има реализирано во животот и кој не се плаши од обврзување. Ако сте веќе во врска, внимавајте кога разговарате за пари со партнерот.

На 16 ноември романтичната Венера го прекинува ретроградното движење, правејќи ја втората половина од месецот идеална за заеднички авантури и патувања со саканиот. Истражувајте го заедно светот, одете каде што никогаш не сте биле, направете нешто што никогаш не сте го направиле. Адреналинот ќе биде афродизијак за вас.

Ако не сте во врска, со радост ќе го дочекате 23 ноември. Тогаш ќе настапи полна месечина во вашата 5-та куќа на страста и флертувањето, правејќи ве кралица на заведувањето. Ако некој може да привлече внимание на сите правилни начини на овој ден, тоа сте дефинитивно вие. Не се задоволувајте со малку на љубовен план, можете да имате многу.

Работа и пари

Добредојдовте во месецот кој ќе ви помогне да ги реализирате вашите највисоки амбиции. Сонцето ќе ги помине првите три недели во вашата 10-та куќа на кариерата и долгорочното планирање и ќе ве турне кон највисокиот врв. Можно е да основате сопствена фирма, да добиете лидерска позиција на работното место или да бидете солидно парично наградени за вашата работа.

Тешко дека некој ќе може да го следи вашето темпо на работа, бидејќи ќе летате со брзина на светлината. Умот ќе ви работи со 300 на час во првата половина од месецот, кога енергичниот Марс ќе патува во вашиот знак. Стрелајте кон ѕвездите, не постои подобар момент од овој за да ги достигнете.

На 8 ноември Јупитер, планетата на среќата и оптимизмот, ќе премине во вашата 11-та куќа на тимската работа. Вклучете се во проектите на работното место во кое се вклучени вашите омилени колеги и станете тимски играч.

На 15 ноември енергичниот Марс ќе се пресели во вашиот сектор на работата и парите, насочувајќи го вашиот фокус кон заработката од вашата работа. Времето ќе ви биде прескапоцено за да го трошите на неважни проекти и личности.

Здравје

Нема да ви недостига енергија во ноември, па имате зелено светло да си поставите високи фитнес цели. Енергичниот Марс во првата половина од месецот ќе патува во вашиот знак, правејќи ве незапирливи. Сепак, грижата за себе значи и одење на здравствените прегледи кои долго време ги избегнувате. Проверете како функционира вашето тело.

На 22 ноември Сонцето ќе се пресели во вашиот сектор на групните активности, па во последната недела можно е да бидете позаинтересирани за тренирање во група одошто сами.

РИБИ (19. II – 20. III)

Љубов

Работата ќе ви биде на преден план во текот на претпоследниот ден од годината и сè помалку време ќе резервирате за љубовта. Но, тоа не значи ништо, бидејќи квалитетот најчесто е поважен од квантитетот.

Во првата половина од месецот, можно е да се соочите со љубовни проблеми и недоразбирања со саканиот. Романтичната Венера до 16 ноември ќе се движи во вашиот сектор на интимноста и силните чувства, но поради нејзиното ретроградно движење, таа ќе сее кавги наместо хармонија, ќе воскреснува минати проблеми наместо да ве насочува кон иднината, ќе ви носи главоболки наместо среќа. Сепак, од вас зависи како ќе го пребродите овој период, бидејќи ако го пребродите заедно со партнерот, вашиот сојуз ќе стане посилен отсекогаш.

Не сте во врска? Ваш поранешен партнер ќе пристигне во вашиот живот и веројатно ќе бара уште една шанса за романса од вас.

Во меѓувреме, сексапилниот Марс ќе ја вжештува вашата 12-та куќа на фантазиите и скриените намери, носејќи на површина емоции кои долго време се обидувавте да ги потиснете во себе. Можно е да сфатите дека нема смисла да криете дека сте заљубени и тивко да страдате, па одеднаш ќе се фатите себеси како му кажувате „Те сакам“ на оној што ви ги разлетува пеперутките во стомакот. Многу риби овој месец ќе се стремат кон сместување на нивните фантазии во реалноста.

Имате тајна која ви тежи на душата и ви создава немир? Размислете добро, можеби треба да ја споделите со партнерот.

Е откако на 15 ноември сексапилниот Марс ќе премине во вашиот знак, а на 16 ноември романтичната Венера ќе го прекине ретроградното движење, вашиот љубовен живот ќе расцути во најубавите бои. Прекрасно чувство на олеснување ќе ви го обземе телото, а вие ќе бидете слободни.

Патувањето на жешкиот Марс во вашиот знак неизбежно ќе ви донесе занесна убавина и сексапил за какви што другите луѓе можат само да сонуваат. Оган ќе гори под вашите стапки каде и да се појавите, и ако погледнете околу себе, ќе гледате само очи кои зјапаат во вас. Ова е период во кој многу нови додворувачи ќе се запишат во вашиот список на потенцијални партнери кои ќе се борат за вашето срце.

Партнерот ќе биде одушевен од вашата нова самодоверба и желба за физичка интимност во втората половина од месецот. Сè почесто ќе станувате иницијатор за страсни ноќи во спалната соба, а тоа ќе се одрази позитивно на вашата врска.

Откако на 16 ноември Венера ќе воспостави директно движење во вашиот сектор на заедничките инвестиции, можно е да одлучите да се вселите во заеднички дом со партнерот или да ја официјализирате вашата врска. Уживајте во овој период, ѕвездите ќе работат за да ве усреќат!

Работа и пари

Започнува вашата година за да блеснете во кариерата, среќата ќе биде на ваша страна. На 8 ноември Јупитер, планетата на експанзијата и богатството, започнува 13-месечно патување во вашата 10-та куќа на кариерата и долгорочното планирање. Ова е голема вест, бидејќи Јупитер доаѓа тука само еднаш на 12 години, а неговото присуство секогаш носи позитивни промени.

Целиот труд и напорна работа конечно ќе дадат плод. Некои риби ќе бидат унапредени на лидерска позиција, други ќе добијат покачување на платата, трети ќе ја добијат својата прва работа, четврти ќе се вработат во компанијата од соништата.

Во првите три недели од ноември, можно е да отпатувате во друга држава за да „украдете“ знаење кое го пренесете на вашето работно место. Престојот на Сонцето во вашиот сектор на патувањата ја зголемува и шансата да најдете работа во странство.

Откако на 15 ноември енергичниот Марс ќе влезе во вашиот знак, енергијата ќе струи во вашето тело, а вие ќе ги реализирате и најамбициозните планови. Ќе ви биде тешко да седите во едно место долго време, па подгответе се за активен и растрчан период.

Во последната недела од ноември и Сонцето ќе му се придружи на среќниот Јупитер во вашата 10-та куќа на кариерата. Тогаш целото ваше внимание ќе биде насочено кон напредување и подобрување на имиџот во вашата област на работење. Сите аплаузи ќе бидат заслужени.

Здравје

Во првата половина од месецот ќе сонувате за фит изглед, но нема да имате енергија за да постигнете брзи резултати. Енергичниот Марс ќе спие во вашата 12-та куќа на одморот, поттикнувајќи ве и вие да го направите истото. Наполнете ги батериите и дајте си го 8-часовниот сон за да можете полни со живост да го дочекате преминот на Марс во вашиот знак.

Откако тоа ќе се случи на 15 ноември, вам нема да ви недостига ниту желба, ниту енергија, ниту мотивација за редовно да тренирате и да се храните здраво. Ќе гледате на вашето тело како на ваше светилиште и ќе се однесувате со почит кон него.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.