Еден од најсилните знаци во зодијакот Шкорпија

Силните шкорпии се управувани од две планети Плутон – планетата на моќта и контролата и Марс – планетата на војната и енергијата. Плутон е извор на власт и влијание, но и на мистерија (во митологијата Плутон е Бог на подземниот свет). Многу шкорпии се „дават во темнината“ и многу често носат црно или шокираат со бои, како црвената и розовата. Мистериозните Шкорпии се најнеразбирливиот знак во хороскопот.

И шкорпијата и овенот се управувани од Марс. Во древната митологија, Марс е бог на војната. Под влијание на Марс шкорпиите се стратезите во хороскопот, тајните агенти, кои планираат, додека овните се на чело на битката.

Ако сте родени во овој знак, исто како и митолошката шкорпија и вие реагирате остро на сè и не сакате да се потчинувате на заповеди. Понекогаш развивате самоуништувачко поведение и исто како и шкорпијата може да се „самоизедете“ пред некој друг да го направи тоа. Кога еднаш земете решение не го менувате и понекогаш ги постигате дури и оние цели, кои што други би ги нарекле невозможни.

Шкорпијата е еден од најсилните знаци во хороскопот заедно со лав, водолија и јарец. Оние кои што ќе се обидат да го променат карактерот на шкорпијата ќе наидат на проблеми, затоа што никој не знае која е тајната мотивација за нивните постапки.

Шкорпиите имаат многу сложен карактер. Шкорпијата е знак на сексот и смртта, на крајот и почетокот на сè. Како претставник на овој знак вашите идеи ги разгледувате од емоционална гледна точка. Понекогаш знаете да ги потискате емоциите, но внатрешно сте многу чувствителни. Доста аналитични сте и се задлабочувате во дејствата и чувствата.

Во љубовните односи сте верни, исклучително нежни, страсни, но оној кој е до вас го гледате како своја сопственост. Вие сте толку моќни што луѓето го чувствуваат вашето присуство уште пред да кажете нешто, но и вие ги чувствувате сите вибрации. Го гледате секој детаљ и ги читате луѓето како отворена книга. Вашите пријатели ја знаат вашата лојалност и сè што треба да направат е да свикнат на „високиот напон“. Ако некој ве предаде подобро да внимава – како и шкорпиите и вие нанесувате болен убод како одмазда.

Поради тоа што вашиот знак е мистериозен, поработете на тоа да бидете поотворени со луѓето. Тоа ќе ја развие довербата и ќе ги подобри вашите односи со другите луѓе. Моќта за концентрација на шкорпиите е неверојатна, но внимавајте да не се опседнете. Сопрете ги љубомората и посесивноста преку вложување на повеќе енергија во некаков проект.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.