Нутрициони вредности на лососот Омега-3 масни киселини

Лососот е често употребувана риба, која може да се пофали со висока концентрација на протеини и омега 3 масни киселини.
Според нутриционистичката национална база на податоци во 85 g на лосос се содржи:

133 калории;

5 g масти;

0 g јаглехидрати;

22 g протеини;

Истата количина на лосос ги задоволува потребите на:

82% од дневните потреби на витамин Б12;
46% на селен;
28% на ниацин;
23% на фосфор;
12% на тиамин;
4% на витамин А;
3% од железо.

Лососот исто така, содржи холестерол, иако неодамнешните студии укажуваат дека содржината на холестерол во исхраната не мора да значи дека го зголемува штетниот холестерол во телото.
Заситените масти се подиректно поврзани со зголемување на штетните нивоа на холестерол, но лососот не е значаен извор на заситени масти.
Многу студии покажаа дека зголемувањето на потрошувачката на риба како лосос го намалува ризикот од дебелина, дијабетес и болести на срцето, а исто така укажува и на здраво ниво на холестерол во крвта.

Рибата и школките се особено важни за обезбедување на омега-3 масните киселини, кои многу малку се внесуваат од исхраната. 85 g на лосос може да обезбеди повеќе од 1.500 mg на омега-3 масни киселини.
Едно истражувања од 2004г. покажаа дека јадењето риба еднаш неделно може да го намали ризикот од смрт од срцеви заболувања за 15%. Колку повеќе риба се кознумира , толку е помал ризикот.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.