Органска храна дали навистина е подобра и покорисна?

Кој е вистинскиот бенефит од органското производство?

Научниците веќе подолг период се обидуваат да одговорат на овие прашања. Истражувањата потврдија дека органските производи и месо содржат за околу 50 % повеќе омега-3 масни киселини. Ова е резултат на исхраната на животните со треви богати со омега-3, кои потоа завршуваат во млечните производи и месото.

Омега-3 масните киселини се од исклучителна важност за намалување на кардиоваскуларните болести, подобрување на невролошкиот развој и функција, и подобрување на функцијата на имунолошкиот систем. Но, органското месо и млечни производи сепак содржат многу пониска концентрација на омега-3 од онаа што се наоѓа во рибата, како на пр. во лососот.

Овие наоди се дел од растечкиот број на докази кои потврдуваат дека методите на производство во земјоделието може да влијаат на нутритивната вредност на храната.

На пример, органските култури имаат околу 50% повеќе антоцијанини и флавоноли во споредба со конвенционално произведените култури. Антоцијанините се соединенија кои ја даваат на овошјето и зеленчукот, нивната сина, пурпурна и црвена нијанса.

Конзумирањето на овие соединенија е поврзано со различни бенефити, вклучително и анти-воспалителни ефекти. Flavonol соединенијата ги има во овошјето и зеленчукот и е докажано дека ги штитат клетките од оштетување, а со тоа во голема мера може да помогнат на организмот да се справува со болести.

Новите анализи потврдија дека органското млеко содржи значително повеќе омега-3 масни киселини отколку млеката произведени на вообичаен начин.

Органските култури се изложени на високо ниво на стрес – вклучувајќи и напади од инсекти, а како одговор на тоа, тие создаваат соединенија за да си помогнат во борбата за својот опстанок.

На пример, доколку инсектите го нападнат морковот и започнат да го нагризуваат, кои се опциите кои ги има растението?

Ако морковот се одгледува на конвенционален начин, се употребуваат пестициди за да се одвратат штетниците.

Но, во органското земјоделство, морковот мора да се грижи сам за себе. Така, морковот создава соединенија познати како полицетилени, кои имаат горчлив вкус за штетниците.

Овие полиацетилени помагаат да се избркаат штетниците, но од ова соединение може да имаме корист и ние кои го конзумираме ова растение.

Истражувањата кај животните сугерираат дека полиацетилените би можеле да играат важна улога во намалување на воспаленијата и ризикот од рак, но не е јасно колкави количини би требало да се внесуваат за да се почувствува бенефитот по здравјето на луѓето.

Друга разлика помеѓу органските и конвенционалните земјоделски култури е начинот на кој растенијата го користат азотот. На конвенционалните култури им се даваат одредени дози на азот од синтетички ѓубрива. Во органското земјоделие, што се потпира на плодоред и компостирање, вообичаено азотот е помалку достапен.

Како резултат на тоа, органските култури имаат тенденција да растат побавно, при што создаваат повеќе од она што научниците го нарекуваат секундарни растителни метаболити. Овие соединенија, исто така би можеле да бидат многу корисни за здравјето кога се присутни во исхраната.

Една студија покажа дека органските домати имаат речиси двојно поголема концентрација на корисен флавоноид, познат како кверцетин, во споредба со доматите одгледани на соседната ниваи на конвенционалнен начин.

Друга мета-анализа од 2014 година укажа и на други разлики во корист на органските култури, кои вклучуваат пониски нивоа на остатоци од пестициди во производите и пониски концентрации на металот кадмиум, што природно се наоѓа во почвата.

Сите овие наоди укажуваат на тоа дека навистина постојат бенефити ако се купува и јаде органска храна. Испитувањата на земјоделски култури, месо и млеко укажуваат на тоа дека употребата на органско овошје, зеленчук, месо и млечни производи обезбедува значително повисоки вредности на диететски антиоксиданси и омега-3 масни киселини.

Но, иако органските култури имаат повисоко ниво на антиоксиданси, тие не содржат повисоки концентрации на витамини. На пример, концентрацијата на витамин Е, не се разликува многу помеѓу органските и конвенционалните култури. Воедно е забележано, дека нивото на протеини било пониско кај органските култури како што е случајот со пченицата.

Заклучок:

Земајќи ја предвид оваа сеопфатна слика, многу експерти велат дека од здравствена гледна точка, она што се јаде е поважно од тоа дали ќе изберете органски или конвенционално произведени производи.

Но, освен ако сте поборник на зачувување на животната средина, што е уште една од придобивките на органското земјоделие, овие студии укажуваат и на потенцијални придобивки од исхраната, барем кога станува збор за максимизирање на количините на антиоксиданси и микронутриенти што ги добиваме од храната.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.