Печурките делуваат делотворно во борбата со ракот на простата

Кај еден од седум луѓе во текот на животот се дијагностицира рак на простата. Ракот на простатата е втора водечка причина за смртност од рак кај мажите, веднаш по ракот на белите дробови.

Сепак, стапката на преживување од рак на простата е голема, под претпоставка дека за ракот се локализира во простатата. Ако ракот се прошири во другите делови на телото,преку системот на лимфни жлезди, тогаш стапката на преживување од пет години е само околу 28 %.

Проблемот кај оние кои имале рак на простата е да се спречи напредувањето бидејќипростатата продолжува да расте и невообичаено да се зголемува, а ова континуирано проширување е предуслов и причина за повторнапојава на ракот.

Со оглед на горенаведеното стратегијата за намалување на зголемената простатата биможела да биде од клучно значење.

Зголемувањето на простатата медицински се нарекува бенигна хиперплазија или БПХ, а се мери со специфичен антиген на простатата (ПСА). Тоа се протеин-ензими кои ги создаваатклетките на простатата.

Печурките делуваат за намалување на ПСА

Печурките додаваат убав вкус и хранливи материи на секоја храна. Најновите информации ни доаѓаат од Бекам Институтот за Истражување и Одделот за Медицинска Онкологија иЕкспериментално Лекување при Националниот Медицински Центар во Дуарте, Калифорнија. Клиничката студија покажала дека некои видови печурки го намалуваатнивото на ПСА кај мажи кои имале рак на простатата.

Печурките кои се користени во испитувањето се Agaricus bisporus – бели печурки (кај нас познати како шампињони). Ги има во секој супермаркет и се додаваат во повеќето јадења во рестораните.

Кај 36% од испитаниците е забележено намалување на нивото на ПСА во текот на три-месечен период, а кај други е забележан и “целосен одговор.” Ова значи дека нивото наПСА било толку намалено што речиси и да не можело да се детектира, а воеднобил зголемен и имунитетот.

Ефектиите од терапијата со печурки се забележани во заклучокот од истражувањето каде што е наведено:

“Терапијата со печурки има влијание и на нивото на ПСА и на намалување на имуносупресивните фактори.” Една од главните компоненти на Agaricus bisporus еконјугирана линолова киселина која е ефикасна во намалувањето на ПСА во лабораториски услови.

Со децении наназад се знаело дека Agaricus bisporus печурките го стимулираатимунолошкиот систем и ја зголемуваат концентрацијата на антиканцерогените цитокини.

Друга лабораториска студија спроведена од НационалниотУниверзитет Јанг Минг во Кина,утврди дека еден друг вид на Agaricus – Agaricus blazei Murill, кој исто така делува на спречување на растот на клетките на ракот на простата.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.