Портрет на љубовта на кралицата Ранија и кралот Абдула Втори од Јордан – Фото (Галерија)

Повеќето бајки, фиктивни или вистинити, се одвиваат по исто сценарио. Убавицата без капка сина крв случајно го среќава својот принц во кој лудо се вљубува, набрзо имаат свадба од соништата, па се селат во палата и среќно живеат до крајот на животот. Зошто би се разликувала бајката на кралицата Ранија од Јордан И кралот Абдула Втори?! Оваа година кралската двојка ќе прослави  години брак.

Кралицата Ранија ал-Јасим, која денес беспрекорно ги носи своите 48 години, родена е во Кувајт во просечно семејство со потекло од Палестина. Татко и е педијатар, мајка и домаќинка. Нејзиниот живот тече нормално меѓу училиштето и кругот на семејството. Сатбува еден од најуспешните дипломци на Американскиот универзитет во Каиро во областа на бизнис- администрација, а прогласена е и за најубава студентка. Судбината на суров начин ќе ја одведе во Аман, Јордан, на почетокот на двадесетите, кога за време на Заливската војна палестинците се протерани од Кувајт. Откако нејзините родители ја одвраќаат од идејата да работи како модел, во Аман почнува да ја гради својата кариера најпрвин како службеник во банка, а подоцна во престижната компанија „Епл“, не сонувајќи дека животот наскоро ќе и ја донесе најпрестижната титула.

Абдула Втори Ал-Хусеин е најстариот син на кралот Хусеин со неговата втора сопруга од вкупно четири – принцезата Муна со британско потекло од која ги наследува необично сините очи за арапскиот свет.  Титулата што му следува како престолонаследник му е одземена поради политички причини кога принцот има само три години и е доделена на братот на кралот. Простувајќи се со идејата за владеење со народот на Јордан, младоста ја посветува на образование меѓу Англија и Америка, создавајќи цела колекција титули од најпрестижните образовни институции во светот. Токму во периодот кога Ранија се преселува во Аман и тој се враќа дома, станувајќи генерал на Јордан. И додека таа е фокусирана на својата кариера, сонувајќи за сопствен бизнис, него го бие глас на најпосакуван ерген, кој предизвикува воздишки скокајќи со падобрани, летајќи со хилихоптери, возејчи брзи автомобили.

Нивната прва и пресудна средба се случува во јануари 1993 година, кога Ранија ја придружува својата нова колешка на отмена забава организирана од страна на сестрата на принцот Абдула. Како на филм, погледнете случајно им се среќаваат во толпата народ и се раѓа љубов на прв поглед. Ранија не би била вистинска принцеза од приказнита доколку на почетокот не е исплашина од идејата дека се работи за синот на кралот Хусеин. Но, харизмата на ориенталниот принц, авантурите на мотор во пустина, скијањето на вода на Црвеното море, романтичните обиколници со хилихоптер ја оддалечуваат Ранија од нејзиното стаклено ѕвоно. Осум години постариот принц , кој има смисла за хумор, знае да готви  и ‘и го посветува целото внимание на светот по само неколку месеци , по придружба на кралот лично, ќе се најде во нејзиниот дом, за на традиционален начин да ја побараат раката од нејзиниот татко.

Свадбата се случува на десетти јуни, невестата блеска во раскошна креација на познатиот англиски дизајнер Брус Олдфилд, со златни мотиви инспирирани од сириските традиционални фустани. Заедничкиот живот на принцот Абдула Втори почнува како на најнормален брачен пар, во апартманот што му го подарува кралот.  Веста дека принцот Абдула сепак ќе го наследи тронот по низа заплети и ривалство помеѓу сопругите и помладите синови на кралот доаѓа сосема неочекувано и засекогаш им ги сменува животите.

Новиот милeниум го почнуваат како крал и кралица на Јордан, селејќи се во семејната палата, а народот ги прифаќа со голем ентузијазам, верувајќи дека со нивниот модерен пристап кон владеењето ќе ја подобрат перспективата на земјата. Подобрувајќи на стадардот на живаање и економскиот пораст на Јордан  од почетокот приоритет на кралот, додека Ранија се посветува на социјалните проблеми, отворајќи центри за згрижување на децата-жртви на насилство, подобрувајќи ги условите во бразованието и работејќи рамо до рамо со светските лидери во добротворни мисии. Позната е и по нејзините изложби за меѓукултурна толеранција и надминување на разликите наметнати од стереотипите за исламската религија, станувајќи  амбасадор на арапската култура и традиција на некои од најпознатите форуми во светски размери. Иако, ако е крунисана со само 28 години, таа е најмладата клалица на светот, во последните две децении го изгради свотот углед на една од најинспиративните жени-лидери, која покрај другото при секое појавување во јавноста буди воздишки со својот бепрекорен стил и со совршената насмевка.

Како двојка велат дека се обидуваат да останат приземјени колку што е можно кога судбуната ти предодредува толку висока функција. Се обидуваат за бидат поприсутни во животот и во воспитувањето на нивните четири деца, принцот Хусеин, кој неодамна дипломираше на универзитетот Џорџтаун, принцезата  Иман, студентка на источниот универзитет, и помалите Салма и Хашим, кои се уште се на училишна возраст. Кралицата Ранија, освен посветена мајка, е и посветен корисник на социјалните мрежи, каде што веријатно и во иднина ќе ги следиме новите поглавја од нивната модерна бајка.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.