Слободен дух, оптимисти, амбициозни – прочитајте се за стрелците

Општи карактеристики за стрелец

Ведрите стрелци се управувани од Јупитер – најголемата планета од сончевиот систем. Во древната римска митологија, Јупитер е водич на Боговите. Јупитер е „веселата“ планета полна со енергија и доверба. Многу често стрелците ги примаат карактеристиките на Јупитер.

Ако вашиот хороскопски знак е стрелец, вие имате слободен дух, оптимисти сте, секогаш отворени за нови идеи и амбициозни. Вашата најголема цел е да ја откриете смислата на животот и многу често ја барате во филозофијата и религијата. Мудри сте и не сакате да следите точно определени цели, планирани со време. Сакате да бидете слободни за да може да го правите она што го сакате без никакви ограничувања. Независни сте, но многу често сте агресивни и импулсивни. Понекогаш таа ваша желба за слобода ве прави егоисти.

Стрелецот е спротивен знак на близнаци. На близнаците им се допаѓа да научат различни работи наеднаш, додека вие како стрелец преферирате да навлезете длабоко во темата која сте ја избрале. Карактеристичен за вас е големиот оптимизам, а вашата вера дека секогаш е добро да се направи чекор напред ви дава можност да напредувате. Тоа пак од своја страна понекогаш ве прави и пребрзани и невнимателни.

Вие сте најсреќни во широко отворени пространства, каде што има многу авантури и возбуда. Обожавате патувања и духовни учења – еден друг вид патувања, смели сте и во авантуристички дух. Секогаш кога раскажувате за тие ваши авантури малку преувеличувате, но тоа е со цел да ги забавувате вашите пријатели.

Секогаш се стремите да исполнете некаква огромна цел. Дури и кога нема да успеете не останувате на дното, а од тоа извлекувате некаква животна лекција и секогаш ги инспирирате другите со приказни за вашето искуство. Знаете да ја предавате својата енергија и знаење на луѓето околу вас и тоа ве прави добри учители.

Во слободното време сакате да се занимавате со спортски активности и ги сакате предизвиците, особено интелектуалните. Стрелецот управува со бедрата и нозете и поради тоа вие веројатно многу често страдате од болки во нозете.

Во љубовните односи вие сте авантуристи и не сте пример за верност. Многу тешко правите компромиси и имате потреба од комплименти. Искрени сте, меѓутоа вашата искреност не е секогаш добра. Многу често со тоа ги повредувате чувствата на другите. Имате милиони проекти, хобија и пријатели. Колку повеќе, толку повесело. Иако сте секогаш возбудени кога имате нов проект или пријателство, не секогаш го завршувате она што сте го започнале.

Симбол:
Стрелец

Симболизира:
Долги авантури, филозофија, закони, религија, трговија со други држави, живот на отворено, физички вежби, јавање, голема брзина, мудрост, независност.

Елемент:
Оган

Планета:
Јупитер – планетата на среќата и експанзијата.

Ден од седмицата:
Четврток

Боја:
Сина

Број:
1, 3 и 4.

Скапоцени камења:
Топаз, сафир, аметист.

Најдобри професии:
Учители, истражувачи, спортисти, новинари, пилоти, стјуардеси, адвокати, патнички агенти, туроператори, дипломати, теолози, свештеници, преведувачи, трговски претставници.

За да се спријателите со нив:
Придружете им се во авантурите! Во спротивно ќе бидете игнорирани.

Дел од телото:
Бедро, црн дроб.

Добри карактеристики:
Чесни, фер, оптимисти, ентузијасти, посветени, љубители на авантурите, весели, независни, сакаат слобода, идеалисти, горди, љубители на спортот, сакаат да се движат, љубезни.

Лоши карактеристики:
Склони да спорат и да ги поучуваат другите, неразумни, нетактични, премногу самоуверени, преувеличуваат, екстремисти, невнимателни, неодговорни, егоисти, радикални.

Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Силни нозе, очи кои се смеат, комична физиономија.

Омилени работи:
Смели работи, флертување, миленичиња, поп музика, меѓународни патувања, смеа, караоке, книги, приказни кои инспирираат.

Работи кои ги мразат:
Предрасуди, рутини, правила, досада, зборовите „не можам“, сериозност.

Можете да ги најдете:
Како организираат шоу за таленти; како кажуваат несоодветни шеги на состанок; патувајќи низ Јужна Америка.

Скриена желба:
Да ги создаваат правилата!

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.