Брз и едноставен рецепт : Солени бомбици за закуска

    Потребни состојки:
    300 гр фета сирење
    300 гр рендан кашкавал
    2 големи лажици павлака
    магдонос
    црвен пипер
    афион
    сушена брусница
    ореви
    Во длабок сад измешајте ги сирењето, кашкавалот и павлаката. Откако ќе добиете хомогена смеса, со помош на мала лажица издвојувајте од неа и со дланките оформувајте мали топчиња. Мини топчињата редете ги во тава или рамен сад. (Од посочените состојки излегуваат околу 30 топчиња.) Тавата ставете ја во фрижидер барем половина час за топчињата минимално да се стврднат и да ви биде полесно да ги обложувате. Секое од топчињата протркалајте го во избраната состојка. Освен сецкан магдонос, црвен пипер, афион, сечкана сушена брусница и издробени ореви (што беше наш избор), можете да експериментирате и со сецкан млад кромид, печен сончоглед, семки од тиква, издробен чипс, иситнети бадеми, пржени парчиња сланина и сл. Опциите се неброени. Сервирајте со крекери или мали потпечени парчиња леб.
    Добар апетит!

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.