Временска прогноза

Преку денот облачноста делумно и краткотрајно ќе се намали, но во вечерните часови од запад повторно ќе се зголемува, а во западните делови ќе има врнежи од дожд. Температурата ќе достигне од 5 до 14 степени.

Во Скопје преку денот умерено облачно, во ноќните часови со врнежи од дожд. Температура до 7 степени.

Под влијание на потопол влажен бран утре и во среда ќе биде облачно со врнежи претежно од дожд. Во западните делови се очекуваат обилни врнежи (локално над 40 л/м2).
Од четврток се очекува стабилизација на временската состојба.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.