
Потребни состојки:
- 1 стар багет исечен на парчиња
- 1 пакување Битолска павлака од 180 г
- 2 лажици мајонез
- 1 голем кромид исечен на ситни коцки
- Перца од 1 младо кромитче
- 1 чешне лук
- 50 г биено сирење или пармезан
- Маслиново масло
- Сок од половина лимон
- 1 домат
- Зачини по вкус: оригано, мајчина душичка, копар, сол, бибер
Начин на подготовка:
- Кромидот исечен на ситни коцки, чешнето лук, Битолската павлака и мајонезот убаво измешајте ги додека смесата не се соедини.
- Потоа додајте го маслиновото масло, сокот од лимон и зачините и повторно промешајте.
- Намазот оставете го во фрижидер за да се излади, а во меѓувреме багетот исечете го на парчиња и убаво намачкајте го со маслиново масло.
- Парчињата леб печете ги во загреана рерна околу 5 минути или додека не се заруменат.
- Додека парчињата се уште топли, намачкајте ги со намазот од павлака и одозгора изрендајте го биеното сирење или пармезанот. Декорирајте со сечкани перца од млад кромид и парчиња домат.
Leave a Reply