Временска прогноза за цела зима – Дали ќе не израдува снегот оваа зима 2018/2019 ?

Претстојната зима, поточно зимата 2018/2019 која е пред нас и покрај тоа што ќе биде малку потопла (минимално, и тоа за еден до два степени), сепак ќе биде во границите на нормалата, односно ќе биде нормална за нашите предели на Европа, но треба да очекуваме повеќе врнежи, анализира Славчо Поповски.

Во текот на зимата најврнежлив месец треба да биде јануари и февруари кога врнежите треба да бидат над просекот.

Ова значи дека покрај врнежите од дожд, треба да се очекуваат и врнежи од снег и тоа како на повисоките места така и на пониските (низ градовите).

Секако како и изминатите години, така и оваа година не се исклучуваат и изразени поларни бранови од Арктикот кој би условувале многу ниски температури на воздухот.

Сепак ние континуирано ќе ја следиме ситуацијата и развојот на временската состојба кај нас во текот на зимскиот период и навремено ќе ве информираме, секако по потреба ќе издаваме и вонредни временски прогнози во случај на удар на некој сериозен поларен бран како што беше случај пред две години.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.