Каква маска да носиме против загадувањето?

Најпрвин, никако хируршки маски!

Тие не се наменети да те заштитат тебе од воздухот, туку пациентот од хирургот. Еднакво ефективни се како да држиш рака пред нос и се надеваш дека помага.


Маските мора да се сертифицирани

Доколку тие не се, тогаш не се знае со каков квалитет тие ве заштитуваат од загадувањето, без разлика колку убедлив е продавачот.

Пред да купуш маска, таа МОРА да има една од следните ознаки на пакувањето или на самата маска:

  • P95, N95, R95, FFP2 — ова се ознаките што мора да ги имаат маските, во спротивно не ги купувајте!
  • P99/100, N99/100, R99/100, FFP3 — доколку најдете маски со повисок број после буквата, уште подобро зошто тие филтрираат повеќе (но знаат да бидат поскапи.

Маската мора да формира вакуум

Друго нешто што е многу битно, е маската да прави вакуум околу устата и носот, по можност со 2 затегачи, еден горе и еден доле. Доколку воздух поминува од каде било освен низ филтерот, тогаш маската е комплетно неефективна.

На сликата подолу се гледа како правилно се носи маска со 2 затегачи, еден над, а еден под ушите.

Најчесто маските имаат метален дел во пределот што доаѓа над носот. Притиснете го овој дел за да се завитка околу контурата на носот, со цел да ја притиска маската надоле и го подобри вакуумот.


Маските имаат век на употреба

Доколку приметите дека дишењето ви е отежнато во споредба со тоа кога ја купивте прв пат маската, тогаш време е да се смени. Во зависност од типот на маска, таа може да издржи неколку недели до неколку месеци користење, секако зависи колку често ја носите.

Маските не се најдобри за астматичари

Доколку имате астма или друг проблем со дишењето, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар дали маската е добра алтернатива за вас, или отежнатото дишење со нејзе ќе ви створи дополнителни проблеми.


И во кола е загаден воздухот

Лош мит е дека во кола не е толку загадено колку надвор. Автомобилите не се херметички затворени простоии, и од многу места им влегува воздухот заедно со загадувањето. Маската пожелно е да се носи надвор дури и во автомобил/јавен превоз.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.