На Неделата на дизајнот во Скопје годинава ќе има десет концерти на музичари и диџеи од регионот

На Неделата на дизајнот во Скопје годинава ќе има десет концерти на музичари и диџеи од регионот, кои ќе настапат на сцената во поткровјето на Јавна соба.

Еден од ѕвездите на разновидната музичка програма годинава е српскиот музички продуцент и диџеј Марк Фанк кој веќе настапи на отворањето на 21. ноември.

Што се однесува до овој музичко забавен дел на Неделата на дизајнот во Скопје, вечерва настапува хрватската диско-панкатракција „Лолобригада“ со почеток во 22 часот. Групата постои 15 години, а во 2009 освојува награда за најдобар бенд на Балканот на Ем-Ти-Ви Европа. Трите албуми, „Cartoon explosion“, „Lollobrigida Inc“ и „Пилула“ се исполнети со силна енергија и откачени стихови. „Лолобригада“ е единствениот бенд што 11 пати свирел на фестивалот „Егзит“, а има концерти и на најголемите фествали на Балканот.

Утре својот концерт ќе го одржи српскиот џез состав ЗАА кој е препознатлив по своите концерти на фестивалите Егзит и Реге Србија. Постоjат 10 години, a позади нив се 3 албуми – „ЗАА“ (2010), „Good Things“ (2011) и „What About“ (2014). Концертот започнува во 22 часот на поткровјето на Јавна соба.

Во текот на фестивалот свои настапи ќе имаат и диџеите Константин, Еми Ермилова, Соул Кејс.

Недела на дизајнот во Скопје е дело на Јавна соба – Центар за дизајн и иновација, во соработка со Делегацијата на германското стопанство со канцеларија во Македонија.

Активностите ќе се реализираат во Јавна соба и Лукс секој ден од 10:00 до 01:00 часот, а влезот за сите посетители е слободен.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.