Детална временска прогноза за наредната недела

Од утре па во текот на следната недела територијата на државава ќе потпадне под влијание на циклонска активност со што следува период на пооблачно време со почести врнежи од дожд. Поради јужното воздушно струење ќе биде релативно топло, а исто така има услови и за локална нестабилност проследена со грмежи.

Локално врнежите ќе бидат нешто поинтензивни и во текот на следниот период се очекува да наврнат над 30 л/м2 воден талог. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Услови за снег ќе има само на највисоките планини со надморска височина од над 2000 метри. Јужното воздушно струење најизразено ќе биде во понеделник кога ќе биде и најтопло, тогаш максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот од 10 до 17 степени.

Пад на температурите и услови за слаби локални врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините ќе има во среда.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.