Најсреќни во месец декември несомнено ќе бидат СТРЕЛЦИТЕ, но и ЈАРЦИТЕ

Насмевка! Ни претстои месец исполнет со позитивни случувања. Оптимистичката енергија на Сонцето во стрелец ќе биде засилена од Јупитер, планетата на богатството и среќата. Нивното заедничко патување ќе биде рецепт за успешен завршеток на годината.

Венера, планетата на љубовта и хармонијата, цел месец ќе се движи низ шкорпија, создавајќи идеални услови за нови врски, инстантно заљубување, изненадни предлози за брак и вести за бременост.

Љубовната хармонија може да биде нарушена само во првите шест дена од декември, кога Меркур, планетата на комуникацијата, ќе се движи ретроградно, зголемувајќи го ризикот од кавги. Важните разговори водете ги лице в лице за да избегнете недоразбирања. Од 1 до 6 декември исто така треба да бидеме повнимателни со изборот на зборови, да водиме дополнителна грижа за важните документи и потемелно да ги планираме патувањата.

За време на новогодишната прослава, Месечината ќе патува во шкорпија, заедно со Венера. Нивното танго ќе создаде прекрасна атмосфера исполнета со интензивна страст, возбуда и еуфорија.

Најсреќни несомнено ќе бидат СТРЕЛЦИТЕ, но и ЈАРЦИТЕ силно ќе го почувствуваат позитивното влијание од небесните тела.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.