Нова тура на снег во Скопје и околината

Во Македонија ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне во западните и јужните делови.

Насекаде низ земјава ќе се формира нова снежна покривка, во пониските места од 5 до 10 cм, а на повисоките места и планините и над 20 cм.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе предизвика појава на снежни наноси, а поради ниските температури ќе има и појава на голомразица.

Утринската температура ќе се движи од минус седум до еден, а дневната од минус четири до три степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде минус три, а дневната околу нула степени.

В среда минималната низ котлините минималната температура ќе има вредност помеѓу -5°С и 0°С, а на повисоките места околу -7°С. В четврток утрото би било за околу 2°С до 3°С постудено.

Дневниот максимум овие два дена би бил помеѓу 3°С и 5°С, односно околу 7°С на југоисток.

Преодно наоблачување очекуваме во последниот ден од работната недела. Од оваа облачност има изгледи за слаби и повремени локални врнежи, пред се во северниот регион.

Темпераурата ќе биде во пораст, пред се во поглед на минималната температура, која би била значајно повисока во однос на четвтрток.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.