УЈП ги потсетува граѓаните дека наближува крајниот рок за регистрација во системот е-Персонален данок, 31 декември

Од таму информираат дека покрај шалтерите лоцирани во Регионалната дирекција Скопје, отворени се и дополнителни шалтери лоцирани во: општина Ѓорче Петров – во зградата на урбаната заедница Ѓорче Петров (кај полициската станица) и општина Аеродром – во општинската зграда на втори кат. Канцелариите на УЈП во овие две општини се отворени секој работен ден до 31 декември со работно време од 08 до 18 часот.

Шалтерите во општина Кисела Вода – барака број 4, општина Гази Баба – барака за едношалтерски систем (поранешен даночен шалтер на УЈП) и општина Чаир се отворени секој работен ден до 31 декември со работно време од 08 до 16 часот.

Регионалните дирекции на УЈП во Скопје, Штип, Тетово и Битола работат од 07 до 21. 30 часот. Со истото работно време ќе работат и во наредниот период, освен 31 декември, кога ќе бидат отворени до 16.30 часот.

Регионалните дирекции ќе бидат отворени за граѓаните и во последните две саботи од месецот, односно на 22.12. и 29.12. со работно време од 08 до 14 часот.

На следниот линк е и распоредот на вонредниот возен ред на „Мобилен даночен шалтер“ којшто ги посетува населените места во Скопје каде Управата за јавни приходи нема постојани даночни канцеларии- http://ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici/pogledni/400.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.