Либералната партија бара затварање на сите казина и спортски обложувалници во населените места

Либералната партија ги охрабрува Владата и Министерството за финансии, по примерот на нашиот западен сосед Република Албанија да направи измени во Законот за игри на среќа и забавни игри. За таа цел потребно е да ги укине активностите на електронските игри на среќа (слот машини) во населените места.

Ваквите појави не одат во прилог на градење здрава нација и држава. Затоа бараме да се затворат сите казина и спортски обложувалници кои сега се наоѓаат во огромен број на главните улици низ градовите и селата во Македонија, и блиску до образовните институции. Предлагаме спортското обложување да се одвива само на интернет платформа, а казината да бидат достапни само во хотелите од висока категорија, или во зони на најмала оддалеченост од неколку километри од населените места.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.