Расте задолжувањето на граѓаните, од банките најмногу се бараат потрошувачки кредити

Домаќинствата должат во банки и штедилници речиси исто колку и компаниите. Последните податоци на Народната банка покажуваат дека заклучно со јуни годинава задолжувањето на граѓаните изнесува 2,66 милијарди евра, а компаниите должат 2,69 милијарди евра.

Вкупните кредити за физички лица за период од една година се зголемиле за речиси 10% (9,9%), додека компаниите се задолжиле за 6,4% повеќе.

Граѓаните најмногу должат за потрошувачки кредити, 1,4 милијарди евра, додека за станови подигнале кредити во износ од 777 милиони евра.

Најголем раст се забележува токму кај станбените и потрошувачките кредити, а се зголемиле и автомобилските кредити и негативните салда на тековните сметки на физичките лица. Во последната година намалување на задолжувањето има по основ на кредитни картички и кредити одобрени врз други основи.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.