Месечен љубовен хороскоп за Август

ОВЕН (21. III – 19. IV)

Август, 2019

Добредојдовте во најромантичниот месец од годината, месец во кој цела армија планети ќе маршира во вашата 5-та куќа на страста, романсата и флертувањето. Август ќе ви приреди лудо возење и големи промени, грижејќи се постојано нешто да се случува во вашиот живот. Две планети ќе го прекинат ретроградното движење, една ќе започне да се движи ретроградно, а ќе настапат и две млади месечини, што се случува екстремно ретко.

На почетокот од август, романтичната Венера и сексапилниот Марс рака за рака ќе галопираат во вашата гламурозна 5-та куќа, па ќе бидете најатрактивната личност каде и да се појавите. Не очекувајте да имате смирени монотони вечери, бидејќи август ќе ви го донесе токму спротивното – забавни вечери полни со додворување и разговори. Ако сте сингл, првите 20 дена од месецот ќе ве натераат да го промените љубовниот статус.

Внимание нема да ви недостига ниту ако сте во врска. Партнерот ќе зјапа како маѓепсан во вас, особено за време на вечерните излегувања кога ќе изгледате недостижно. Веројатно ќе ви признае дека се чувствува како среќник што ве има.

На првиот ден од месецот, ќе настапи и млада месечина во вашата 5-та куќа на вистинската љубов и ќе ве спои со шармантна личност која веднаш ќе ве освои. Младите месечина секогаш носат нови почетоци, а за вас, тие ќе бидат во љубовта.

Паровите кои се обидуваат да добијат дете, ќе се израдуваат кога ќе слушнат дека настапува млада месечина во нивниот сектор на плодноста. Зачестете ги вашите обиди за зачнување или направете си тест за бременост. Ако пак не планирате бременост, користете заштита.

Способноста правилно да се изразувате и да привлекувате внимание со зборови ќе ви се врати на 1 август, кога комуникативниот Меркур ќе го прекине ретроградното движење. Десет дена подоцна, и оваа интелигентна планета ќе го посети вашиот сектор на страста и романсата. Тоа значи дека интелектот ќе ви биде пресуден кога го избирате вашиот следен партнер.

Среќната планета Јупитер на 11 август ќе го прекине ретроградното движење во вашата 9-та куќа на патувањата и оптимизмот. Ова е совршено време за да резервирате патување со саканиот или ако сте во брак, да го повторите вашиот меден месец. Запомнете дека долгата врска не треба да биде крај на романсата.

Под „чадорот“ на Јупитер, некои овни ќе прифатат покана за рандеву од прекрасен странец. Дали сте подготвени за врска на далечина?

На 18 август огнениот Марс ќе премине во вашата 6-та куќа на здравјето и грижата за себе, а три дена подоцна, истото ќе го направи и страсната Венера. Во последните десетина дена од месецот, ќе бидете фокусирани на себе и нема да дозволувате да ви се приближат оние кои ви будат лоши чувства. Ако некој не знае да ве цени и не може да ја види вашата вредност, нема да има ниту шанса да се бори за вашето срце.

Паровите во овој период ќе одлучат да ја подобрат својата исхрана, да вежбаат заедно или да создадат здрави рутини. Сè е подобро кога имате сојузник покрај себе.

БИК (20. IV – 20. V)

Август, 2019

Август ќе ви започне смирено и сентиментално, а ќе ви заврши лудо и незаборавно. Многу бикови ќе се заљубат до уши во втората половина од месецот. Ставете го појасот, време е за лудо возење на ролеркостер од емоции.

Во првите 20-тина дена, сексапилниот Марс, романтичната Венера и топлото Сонце ќе патуваат во вашата 4-та куќа на ранливоста, семејството и грижата за себе. Ќе обожавате да си посветувате внимание себеси, криејќи се зад челичен штит за никој да не може да ве повреди. Но, вистината е дека никој нема да сака да ве повреди. Повеќе ќе бидат личностите кои ќе сакаат да ве заштитат во прегратка, особено доколку се осмелите да им ја покажете вашата ранливост.

Паровите во овој период ќе одлучат да купат заеднички дом, да ја променат адресата на живеење или да основаат свое семејство.

Уште на првиот ден од месецот, ќе настапи млада месечина во вашиот сектор на домот и семејството. Можно е да слушнете вест за проширување на вашето семејство – која ќе биде или за вас или за ваша многу блиска личност. Ако планиравте да се преселите, младата месечина ќе започне полека, но сигурно, да ви ја исполнува желбата.

Првиот августовски ден носи уште една одлична вест, а тоа е прекинот на ретроградното движење на комуникативниот Меркур во вашиот сектор на кокетирањето. Ќе шармирате и освојувате не само со изгледот, туку и со интелектот. Вашите ставови ќе ви донесат куп обожаватели, па продолжете да бидете она што сте.

Ако сте во врска, технологијата конечно ќе престане да ви ја попречува квалитетната комуникација со саканиот. Ќе се гледате во очи додека си муабетите и веднаш ќе забележите подобрување во односите.

На 11 август, среќната планета Јупитер ќе го прекине ретроградното движење во вашата 8-ма куќа на интимноста и силните чувства. Во изминатите четири месеци бевте склони да се сомневате во партнерот, да се прашувате дали сте со вистинската личност, да се карате за стари љубови… Но, сега ќе бидете пресреќни во врската, уверени дека сте со Вистинскиот. Многу врски ќе преминат на следното ниво.

Среќници во љубовта ќе бидете под „закрилата“ на Јупитер ако сте сингл. Лесно ќе му го привлечете вниманието на оној што ви се допаѓа и ќе го натерате да трча по вас како мало дете. Да, ќе поседувате моќ на заведување, но не ја користете за да кршите срца.

На 18 август, страсниот Марс ќе премине во вашата 5-та куќа на страста, романсата и флертувањето, зголемувајќи ја максимално вашата магнетска привлечност. Не се изненадувајте ако го имате најголемиот број додворувачи во друштвото. Тоа нема да биде воопшто чудно.

Три дена по Марс и романтичната Венера ќе премине во вашата страсна 5-та куќа. Е тогаш, ќе има со што да се пофалите. Ќе бидете свесни за сопствената привлечност и ќе ја користите максимално. Ако сте во врска, можно е да се изненадите на позитивен тест за бременост во последната недела од месецот.

Втората млада месечина овој месец ќе се случи на 30 август. Многу бикови ќе се заљубат или првпат ќе спојат усни на овој ден. Нови врски се на повидок.

БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)

Август, 2019

Август ќе ве направи кралица на зборовите, ќе ви ја зголеми привлечноста и ќе ја разбуди заводничката во вас. Ќе обожавате да ја истакнувате вашата убавина, а тоа позитивно ќе ви се одрази на љубовниот живот.

До 18 август, сексапилниот Марс ќе ја вжештува вашата 3-та куќа на комуникацијата и локалните настани, правејќи ве ѕвезда на секоја забава. Кога вие ќе зборувате, светот ќе запира за момент за да зјапа во вас. Најслатки ќе им бидете на претставниците на спротивниот пол додека се губите во вашите приказни, па имате зелено светло да зборувате без прекин.

Ако сте во врска, не го одбивајте партнерот кога ве кани да излезете со неговото друштво. Одете и привлечете ги на ваша страна неговите пријатели. Убаво е да ги имате нив за свои сојузници.

Во меѓувреме, и романтичната Венера ќе престојува во вашиот сектор на интелектот и поврзувањето до 21 август. Многу близнаци ќе се заљубат во умот, а не во телото на нивен додворувач. Морате да им дадете шанса за разговор на вашите обожаватели за да можете да го изберете вистинскиот за партнер.

На 11 август, среќната планета Јупитер ќе го прекине ретроградното движење во вашата 7-ма куќа на сериозните партнерства и обврзувањето. Доколку во изминатите 4 месеци во вашиот живот се врати ваш симпатија од минатото или пак ваш бивши, сега ќе морате да донесете конечна одлука – ќе дадете уште една шанса или засекогаш ќе го затворите тоа поглавје? Што и да правите, правете го со насмевка на лицето. Бидете поголеми од животот!

Паровите треба почесто да патуваат заедно. Јупитер ќе ви приредува романтични и среќни моменти кога сте далеку од дома. Можно е да бидете запросени во Париз, да направите бебе на Миконос или да откриете дека ќе станете родител во Лондон.

Внимавајте – не посегнувајте по храна или алкохол за да се справите со вашите емоции во периодот по 11 август, кога непредвидливиот Уран ќе се движи ретроградно во вашата 12-та куќа на зависноста и бегството од реалноста. Некои близнаци повторно ќе започнат да фантазираат за личност од нивното минато.

Цела армија планети во последните 12 дена ќе влезат во вашата 4-та куќа на домот и семејството. Семејните прашања ќе ви станат приоритет, особено оние кои се поврзани со вашата мајка и вашите деца. Ви претстојат романтични моменти со партнерот, а најромантичните ќе се случат под вашиот покрив. Не се изненадувајте ако партнерот ви даде клуч од неговиот дом или ако ве запознае со родителите.

Не сте во врска? Не ги земајте здраво за готово зборовите на вашите додворувачи. Во претстојниот период, ќе бидете премногу сентиментални и лесно може да останете повредени.

На претпоследниот ден од месецот ќе настапи и втората августовска млада месечина во вашата сентиментална и нежна 4-та куќа. Некои близнаци ќе се преселат на нова адреса, други ќе им го претстават партнерот на најмилите, трети ќе стават штит пред своето срце за да не дозволат љубовта да влезе во него. Последните, ќе бидат задоволни со статусот сингл.

РАК (21. VI – 22. VII)

Август, 2019

Незапирливи ќе бидете во текот на август. Ќе ја обожавате продуктивноста, работата и се разбира, сензуалните моменти со партнерот. Многу лоши навики ќе ги фрлите во минатото, фокусирајќи се на вашата цел да бидете најдобрата верзија од себе. Време е за промени!

Стабилноста ќе ви биде приоритет на љубовен план. Романтичната Венера до 21 август ќе ја разубавува вашата втора куќа, правејќи ве најсреќни кога вашата врска стои на стабилна основа. Ништо нема да ве вивнува на седмо небо толку брзо колку кога партнерот ви ветува дека никој и ништо нема да ве раздели и дека ќе бидете заедно до крајот на животот. Ова е одличен период за решавање на финансиски проблеми меѓу вас.

Соло сте? Нема да ви пречи да почекате да влезете во врска ако околу вас не гледате сериозен кандидат. Воопшто нема ни да помислувате да му дадете шанса на некој кој не е сериозен и кој бега од обврзување.

И сексапилниот Марс ќе помине најголем дел од месецот во вашата 2-ра куќа. До 18 август огнената планета ќе го вжештува вашиот сектор на самодовербата, што значи дека во ниту еден момент нема да се сомневате во вашата вредност. Некои сингл ракови ќе се заљубат во личност на висока позиција.

Зачинете ги романтичните средби со партнерот со полуксузни нешта кои ќе ви ги разгалуваат сетилата. Постелете црвен свилен чаршаф за трпезариската маса, запалете си свеќа за време на вечерата, згответе го неговиот омилен специјалитет, купете си скапо вино…

Одлично ќе комуницирате со партнерот, благодарение на прекинот на ретроградното движење на комуникативниот Меркур во вашиот знак. Ќе умеете да правите компромиси и да се ставате на местото на другите. Ќе умеете да се видите себеси низ очите на партнерот и конечно ќе ви стане јасно колку е голема неговата љубов кон вас и зошто постапувал ТАКА во минатото.

Самодовербата ќе се „чита“ во секој збор што ќе излегува од устата на раковите со статус сингл. Моќниот глас ќе ви биде најсилното оружје за заведување.

Страста за многу парови ќе кулминира на 15 август, под светлината на полната месечина во вашиот сектор на интимноста и интензивните чувства. Не се изненадувајте ако првпат изговорите „Те сакам“ или ако партнерот клекне на колено и ве побара за жена. Не излегувајте таа вечер, претпочитајте да бидете насамо со саканиот. Сè уште не сте ја пронашле вашата сродна душа? На овој ден ќе ја фрлите претпазливоста во воздухот и ќе го отворите вашето срце за нова љубов.

Во последните десетина дена, романтичната Венера и нејзиниот космички партнер Марс ќе го пренесат својот страстен танц во вашата 3-та куќа на комуникацијата. Кажете му ги на саканиот вашите желби и потреби, разговарајте со него за она што ве мачи, флертувајте со зборови… И насладувајте им се на моментите во спалната соба.

Не сте во врска? На крајот на август, ќе ве привлече ваш истомисленик, некој кој ќе ви ги довршува речениците и со кој ќе се разбирате само со поглед. Да, спротивностите се привлекуваат, но не и во вашиот случај, не и во август.

ЛАВ (23. VII – 22. VIII)

Август, 2019

Ммм, сладок августу, добредојде! Осмиот месец од годината ќе биде прекрасен за вас и ќе ве фрли во бајка од која нема да сакате да излезете. Ако сè уште не си ја замисливте роденденската желба, направете го тоа сега.

Во првите 23 дена од август, Сонцето ќе патува во вашиот знак, носејќи ви прекрасни моменти за паметење. Ова е период кога треба да се ставите себеси на прво место, да се фокусирајте на исполнување на вашите лични желби и да го насочите погледот нагоре. Заслужувате многу, па барајте многу.

Венера, планетата на љубовта и убавината, до 21 август ќе престојува во вашиот знак, подарувајќи ви шарм за каков што другите можат само да сонуваат. Постојано ќе ви се чини дека чекорите на црвен тепих на холивудски настан, а сите зјапаат во вас. Очекувајте куп нови додворувачи кои ќе се борат за вашето срце.

Вашата надворешна убавина ќе се одразува на вашата внатрешна убавина на прекрасен начин. Разгалете го вашето тело со третман, вежбајте и експериментирајте со изгледот. Колку подобро изгледате, толку подобро ќе се чувствувате. Венера секогаш ги охрабрува промените во изгледот.

И сексапилниот Марс до 18 август ќе престојува во вашиот знак. Лесно ќе ѝ го заробите срцето на личност која долго време го забрзува вашето. Ќе бидете многу смели во љубовта и без задршки ќе флертувате со оној што ви се допаѓа. Ако сте веќе во врска, вашата љубов кон партнерот ќе врие до степен на прелевање. Август ви ветува страсни ноќи, кои за некои лавови ќе кулминираат со брак или бременост. Можно е тоа да се случи под светлината на младата месечина во вашиот знак на првиот ден од август. Нови почетоци се запишани во небесните тела.

Прекинот на ретроградното движење на комуникативниот Меркур е уште една позитивна вест на првиот ден од август. Вашата способност правилно да комуницирате со светот и да сочувствувате со другите ќе се врати. Разговарајте со саканиот за нештата кои досега ви ја ежеа кожата.

Светот ќе симне капа пред вас во периодот по 11 август. Тогаш и среќната планета Јупитер ќе го прекине ретроградното движење во вашата 5-та куќа на страста, романсата и флертувањето. Имате уште четири месеци да ризикувате во љубовта, знаејќи дека среќата е на ваша страна. Дајте му шанса на некој кој „не е ваш тип“, излезете со додворувач кој не го познавате многу, отворете го вашето срце за партнерот… Ако планирате бременост, честитки, набрзо ќе се израдувате на позитивни вести.

Тоа може да се случи уште на 15 август, кога полната месечина ќе настапи во вашата 7-ма куќа на обврзувањето и сериозните партнерства. Многу лавови ќе направат смел чекор во врската и ќе се обврзат на вечна љубов. Не сте во врска? Под светлината на полната месечина, ќе почувствувате чиста и искрена љубов. Воопшто нема да се двоумите дали да споите усни или не.

Во последните 10-тина дена, космичките љубовници Марс и Венера заедно со Сонцето и Меркур ќе преминат во девица, вашата 2-ра куќа на самодовербата и сензуалноста. Нема да се срамите да ја истакнете вашата убавина, да ги нацрвите усните, да облечете припиен фустан и да го освоите светот. Ќе изгледате ТОП.

Многу е важно да не се споредувате со другите и да не верувате во сè што ќе видите на социјалните мрежи.

ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)

Август, 2019

Август ќе ви биде ролеркостер од емоции – во еден момент ќе се излежувате неактивно дома, а веќе во следниот, ќе бидете насекаде, обојувајќи го светот во вашите најубави бои. Ќе биде интересно да се биде во кожата на една девица овој месец, бидејќи значително ќе пораснете како личност.

Мала армија планети ќе го дочекаат август во вашата 12-та куќа на завршетоците, лекувањето и опростувањето, помагајќи ви да фрлите од вашиот живот сè што ве растажува и ве спречува да го живеете животот онака како што заслужувате. Ако не сте среќни во врската, ќе ја прекинете. Ако не сте среќни со вашето друштво, ќе си најдете ново. Ако имате предмети кои ве потсетуваат на сенките од минатото, донирајте ги… Направете место во вашиот живот за да го дочекате слободни најубавиот период од годината кој ќе започне месецов.

Романтичната Венера до 21 август ќе патува во вашата 12-та куќа на интровертноста и сентименталноста. Можно е да чувствувате потреба да се оддалечите од партнерот за да си ги средите мислите и да го слушнете вашето срце. Во овој период, потсвеста ќе ви испраќа моќна порака која не смеете да ја игнорирате.

Не сте во врска? Венера ќе ви помогне да ги избришете вашите поранешни партнери од мислите, да си опростите за направените грешки и да си дадете шанса повторно да љубите. Ќе се чувствувате лесни како пердув.

На 11 август Јупитер, планетата на среќата и патувањата, ќе го прекине ретроградното движење во вашата 4-та куќа на домот и семејството, враќајќи го џагорот под вашиот покрив. Ќе уживате во моментите со најмилите, па подгответе се за смеење до солзи и дружења до утринските часови. Ако сте во брак, ќе чувствувате дека повторно се заљубувате во вашиот сопруг.

Марс ќе биде предвесник на прекрасните настани кои ќе ви ги донесе втората половина од август. На 18 август, сексапилната и огнена планета ќе го разгори вашиот знак, давајќи ви харизма и шарм кои нема да остануваат незабележани. Имајте високи љубовни критериуми, ќе сретнете некој кој совршено ќе се вклопи во нив.

Во врска сте? Ќе го заведувате саканиот сè повеќе и повеќе со секој изминат ден, а тој нема да може да остане рамнодушен на вашите сексапилни движења. Уживајте во страсните моменти под чаршафите. Не заборавајте да вклучите клима уред, ќе биде многу жешко.

Три дена подоцна, на 21 август, и романтичната Венера ќе влезе во вашиот знак, туркајќи ве кон промени во надворешниот изглед. Конечно ќе се осмелите да си ја скратите косата, да го промените стилот на облекување или да си направите надградба на ноктите. Ставете ги вашите потреби на прво место, без разлика на љубовниот статус. Не дозволувајте вашите интереси да „испарат“ само затоа што сте во врска.

Некои соло девици ќе бидат пресреќни со статусот сингл и ќе се откажат од потрагата по Господин Вистински.

На 21 август Сонцето ќе влезе во вашиот знак, најавувајќи го почетокот на вашата роденденска сезона. Оптимизмот ќе ви го преплави телото, поттикнувајќи ве да погледнете на светлата страна на животот. Испланирајте ја самите вашата роденденска забава и заедно со оние кои ги сакате, прославете за вашето постоење.

Никој нема да може да ви одолее во последната недела од месецот, па слободно кокетирајте со оној што ви се допаѓа. На 30 август веројатно ќе споите усни со него. Нови врски се запишани во ѕвездите под светлината на младата месечина во вашиот знак.

ВАГА (23. IX – 22. X)

Август, 2019

Отворете го вашиот друштвен чадор и соберете под него колку што е можно повеќе пријатели. Ќе бидете душата на секое друштво во текот на август и луѓето ќе немаат друг избор освен да ве обожаваат. Запомнете дека со зголемената популарност доаѓа и скратено слободно време. Но, тоа вам веројатно нема да ви пречи во месецот на пријателството.

Во првите три недели од август, романтичната Венера ќе патува во вашата 11-та куќа на групните активности и технологијата. Ако сте сингл, не одбивајте ниту една покана за излегување и редовно проверувајте кој ви испраќа покана за пријателство на социјалните мрежи. Токму така ќе запознаете личност на која ќе посакате да ѝ го подарите срцето. Не е исклучена можноста ваш пријател да ви признае дека е заљубен во вас.

Паровите треба да ги зачестат излегувањата со други парови или со пријатели. Дружбите ќе бидат вистински благослов за хармонијата во вашата врска.

Можно е нов пријател да влезе во вашиот живот на првиот ден од месецот, кога ќе настапи млада месечина во вашата 11-та куќа и ќе ви донесе нови почетоци.

Уран, планетата на промените, на 11 август ќе премине во ретроградно движење во бик. Можно е непредвидено да се сретнете со бивш партнер кој многу сте го сакале, да ви се обноват стари чувства или проблеми. Сега е време да се справите со сите нерешени прашања засекогаш. Не гледајте на ова како на нешто лошо, дури и ако дојде без никакво предупредување.

Ќе ви доаѓа да се качите на покривот и да извикате колку сте среќни на 15 август, кога полната месечина ќе го осветли вашиот сектор на радоста и страста. Дали сте подготвени за фиеста? Заокружете го тој датум на календарот, бидејќи нема да сакате да го заборавите. Некои ваги токму тогаш за првпат ќе спојат усни со оној кој им го забрзува пулсот.

Позитивен тест за бременост ќе влезе во сликата на некои парови, комплетирајќи го нивниот мозаик. Наздравете за новиот живот (се разбира, без алкохол).

Ќе го намалите темпото со кое летате низ животот и ќе се повлечете од друштвениот живот во последните 10-тина дена од месецот, кога 4 планети ќе се преселат во вашиот сектор на одморот, лекувањето и опростувањето.

Сè ќе започне со сексапилниот Марс, кој на 18 август ќе премине во вашата 12-та куќа на завршетоците и одморот. Ако сте во лоша врска, ќе бидете уморни постојано да бидете личноста која простува и се жртвува без да добива ништо за возврат. Можно е да одлучите да свртите нов лист, но ако го направите тоа, не се вртете повеќе назад.

На 21 август и романтичната Венера ќе се пресели во вашиот сектор на завршетоците, помагајќи ви да ги пуштите да си одат од вашиот живот сите оние кои ве растажувале и да најдете мелем за вашите љубовни рани. Ова е период на транзиција, во кој треба да работите на вашето ментално здравје. Постојано потсетувајте се колку посебна личност сте.

Ако сте во здрава врска, ќе чувствувате потреба да го спуштите штитот и да му ја покажете вашата ранливост на партнерот. Тоа позитивно ќе ви се одрази на врската.

На 23 август и Сонцето ќе влезе во вашиот сектор на фантазиите, проследено од комуникативниот Меркур на 29 август. А, на 30 август таму ќе настапи и млада месечина. Опростете и заборавете! Не дозволувајте оние кои некогаш ве повредиле да ви ја украдат шансата за нови почетоци, кои ќе дојдат многу побрзо отколку што си мислите, бидејќи сезоната на вагите е на повидок.

ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)

Август, 2019

Месецот ќе ви започне работно и продуктивно, а ќе ви заврши весело и дружељубиво. Иако љубовта ќе ја поттурнете на заден план во текот на осмиот месец од годината, тоа не значи дека таа ќе отсуствува од сликата. Во првата половина од месецот, мала армија планети ќе маршираат во вашите сектори на кариерата и парите, насочувајќи го вашето внимание кон постигнување поголема финансиска стабилност.

Венера, планетата на љубовта и убавината, до 23 август ќе престојува во вашиот сектор на долгорочното планирање, насочувајќи го вашиот поглед кон иднината. Ако досега ги избегнувавте разговорите на теми како брак, деца, заедничко живеалиште, сега ќе обожавате да муабетите со саканиот за нив. Ќе се фатите себеси како се смеете кажувајќи си колку деца сакате да имате и како ќе се викаат тие.

Не сте во врска? Венера ќе донесе во вашиот друштвен круг личност која ќе има потенцијал за долга врска и која не се плаши од обврзување. Таа личност ќе ви ги разлета пеперутките во стомакот.

А воопшто нема да имате проблем да ѝ го привлечете вниманието, бидејќи во првите 18 дена, сексапилниот Марс ќе патува во вашиот сектор на долгорочното планирање, правејќи ве магнет за личности кои знаат што сакаат во животот. Можно е да се заљубите во некој со големи амбиции или на висока позиција.

На првиот ден од месецот, комуникативниот Меркур ќе го прекине ретроградното движење во вашиот сектор на патувањата и далечните дестинации. Ако сте во врска на далечина, односите со партнерот значително ќе ви се подобрат. Патувањата ќе ги зближуваат паровите во првите 11 дена од август.

На 11 август непредвидливиот Уран ќе започне да се движи ретроградно во вашата 7-ма куќа на сериозните партнерства. Можно е да започнете да се сомневате во верноста на саканиот или да се замислувате дали сте го направиле вистинскиот избор. Сите овие чувства ќе ви дојдат како гром од ведро небо, но наместо да носите избрзани одлуки, разговарајте со партнерот.

Не сте во врска? Поранешен партнер со кого сте биле во долга врска или кон кого сте имале силни чувства ќе се врати во вашиот живот под влијание на Уран ретрограден. Одделете си време за да откриете што е она што навистина го сакате. Не брзајте!

Сакате да купите нов дом или да се вселите под ист покрив со партнерот? Убава вест ќе слушнете на 15 август, кога полната месечина ќе настапи во вашата 4-та куќа на домот и семејството. Некои шкорпии ќе решат семеен проблем кој долго време им се провлекувал низ прсти.

Дружбите со пријателите ќе ви станат приоритет во последните 10-тина дена од месецот, кога 4 небесни тела (Марс, Венера, Сонцето и Меркур) ќе преминат во вашата 11-та куќа на групните активности. Вашето секојдневие ќе се исполни со смеа, вечерни излегувања, друштвени доживувања, шопинг… Сè што има потенцијал да ве зближи со пријателите.

СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)

Август, 2019

Раширете ги вашите крилја и полетајте! Вие сте роден авантурист, но август ќе ви ја однесе на максимум желбата за новитети, експериментирање и танцување надвор од вашата удобна зона.

Прав „чудак“ ќе бидете во љубовта. Додека сите трагаат по својата сродна душа, вие ќе се затрескате во личност која е тотална спротивност на вас, како денот и ноќта. Под влијание на романтичната Венера, која ќе патува во вашата 9-та куќа, ќе обожавате да експериментирате. Некои стрелци ќе го запознаат Господин Совршен за време на летување или патување на далечна дестинација.

Ако сте веќе во врска, изненадете го партнерот со аранжман во Грција или Хрватска или пак резервирајте соба на планина. Каде и да одите, важно е да бидете сами и далеку од секојдневниот начин на живот.

Сексапилниот Марс до 18 август ќе патува во вашата 9-та куќа на ослободувањето, што значи дека воопшто нема да си поставувате ограничувања пред себе. Ќе бидете убедени дека никој не е недостижен за вас, а и реално ќе можете да го имате секој што ќе посакате. Потребно е само да ги истакнете вашите трепки и да го искористите заводливиот поглед.

На првиот ден од август, комуникативниот Меркур ќе го прекине ретроградното движење во вашата 8-ма куќа на интензивните чувства и интимноста. Со партнерот ќе се разбирате само со поглед и ќе ви се чини дека тој ги знае сите ваши скриени желби. Ако криевте некоја тајна од него и таа ви го нарушуваше мирот, сега е одличен момент за да ја споделите.

Не сте во врска? Меркур ќе го направи вашиот глас моќен и сексапилен. Најдете начин за да започнете разговор со оној што ви се допаѓа, така ќе започне и една прекрасна бајка како од вашите најслатки соништа. Уживајте во додворувањето.

Во последните 10-тина дена и Марс и Венера и Сонцето и Меркур ќе преминат во вашиот сектор на долгорочното планирање и сериозноста. Зрелоста ќе биде карактеристична во вашето однесување и ќе се стремите кон создавање стабилна основа за градење на врската. Разговорите на теми за иднината со партнерот значително ќе ви зачестат. Ако никогаш претходно не сте споменале „брак“, сега често ќе разговарате за него.

Ако сте сингл, во вас ќе се заљуби влијателна личност од вашето место на живеење. Тоа може да биде и некој на висока позиција. Деловниот изглед ќе ви делува секси, па можно е вие да бидете привлечени од ваш колега или соработник кој секогаш изгледа средено од глава до пети.

ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)

Август, 2019

Не, не сонувате, ова е вашиот живот и тој е прекрасен. Ако некогаш сте се чувствувале сакано, сексапилно и посакувано, тоа ќе биде во текот на овој месец. Цела армија планети ќе маршираат во вашите сектори на љубовта и романсата, правејќи ве најголемите среќници. Нема да постои личност која ќе може да му одолее на вашиот шарм.

Венера, планетата на љубовта и убавината, во првите три недели од август ќе патува во вашата 8-ма куќа на сексот, интимноста и соединувањето, носејќи ја вашата врска во подлабоки води. Либидото ќе ви биде огромно, па топлите летни вечери ќе бидат екстремно жешки за вас. Ќе забележите дека страста се раѓа во вашето тело само со еден допир од саканиот.

Не сте во врска? Чувствата брзо ќе го обземаат вашето тело, па ако денес некој само го симпатизирате, утре ќе бидете лудо заљубени во него. Можно е да се заљубите на прв поглед.

Сексапилниот Марс заедно со Венера ќе патува во вашиот сектор на интимноста во првите 18 дена од месецот, дополнително зголемувајќи ви ја страста во врската. Сепак, силните чувства за некои парови ќе донесат појава на љубомора и посесивност. Не правете нешто со што би можеле да го повредите партнерот.

Првиот августовски ден ви носи две прекрасни романтични вести – комуникативниот Меркур ќе го прекине ретроградното движење во вашиот сектор на сериозните врски и ќе настапи млада месечина во вашата 8-ма куќа на соединувањето. Ако сте сингл, многу тешко ќе го задржите љубовниот статус овој месец, бидејќи ќе имате безброј прекрасни додворувачи кои ќе се обидуваат да ве освојат.

Веќе сте во врска? Под светлината на младата месечина на 1 август ќе се поврзете уште повеќе со партнерот. Ќе ви се чини дека ја дишете неговата љубов во воздухот.

Длабоки чувства ќе ви испливаат на површина откако Јупитер ќе воспостави директно движење во вашата 12-та куќа на лекувањето. Не ги игнорирајте, морате да се справите со нив за тие никогаш повеќе да не ви го нарушуваат мирот.

Проблеми во рајот овој месец ќе ви создава ретроградното движење на непредвидливиот Уран, кое ќе започне на 11 август и ќе трае пет месеци. Можно е да започнете да се сомневате во партнерот или да се расправате поради нешта кои во минатото си ветивте дека ќе ги оставите зад себе.

Ако сте сингл, Уран може неочекувано да врати ваш поранешен партнер во вашето секојдневие. Ако не сакате да го воскреснувате минатото, веднаш кажете му дека не сакате да ги обновите контактите.

На 18 август сексапилниот Марс ќе премине во вашата 9-та куќа на далечните патувања, а три дена подоцна, него ќе му се придружи убавата Венера. Странец кој воопшто не го познавате нема да може да го тргне погледот од вас, а и вие ќе се чувствувате на сличен начин. Дали би започнале врска на далечина?

Брачните парови ќе добијат желба да одат на уште еден меден месец на подалечна локација. Заедничките патувања ќе им ја обноват страста и ќе ги потсетат на нивните почетоци.

Преминувањето на Сонцето во девица на 23 август ќе ви го рашири погледот и ќе ви го отвори умот, па можно е да се заљубите во некој кој е тотална спротивност на вас.

ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)

Август, 2019

За танго се потребни двајца, а во август ќе го танцувате најубавиот танц со саканиот. Осмиот месец од годината е создаден за романтика за вас и максимално ќе го користите. Соло сте? Не за долго! Овој месец ќе запознаете некој на чиј шарм нема да можете да одолеете, благодарение на армијата планети која ќе маршира низ вашите љубовни сектори.

Речиси три недели Сонцето, Венера и Марс ќе го вжештуваат вашиот сектор на сериозните партнерства и обврзувањето.

Убавата Венера до 21 август ќе ја зголемува хармонијата во сериозните врски, а многу од нив ќе однесе на следното ниво. Не се изненадувајте ако партнерот клекне на колено и ве запроси за време на летниот одмор покрај море или за време на романтична вечера. Водолиите кои ќе го завршат летото со свршенички прстен на раката ќе се радуваат на огромното разбирање од страна на партнерот.

Ако сте сингл, Венера ве советува да бидете дел од друштвените излегувања и забавите во вашето место на живеење. Шансите да го запознаете вистинскиот во текот на август се огромни.

Сексапил: На максимум. Нема да треба да мрднете ниту со прст за да му го освоите срцето на оној што ви се допаѓа во првите 18 дена од месецот, бидејќи ќе зрачите со сексапил и шарм кои ретко некој ги поседува. Ќе го негувате вашето тело, ќе ја истакнувате неговата убавина и светот постојано ќе симнува капа пред вас. Стилот ќе ви биде совршен.

Во врска сте? Ќе го обожавате партнерот и многу августовски ноќи ќе ви завршат прилепени до него. Вклучете клима уред, ќе биде екстремно жешко онаму каде што сте вие двајца.

На првиот ден од месецот, ќе настапи млада месечина во вашата 7-ма куќа на обврзувањето и љубовта. Ова е ден кога врските ќе се зајакнуваат и ќе преминуваат на следното ниво низ прекрасни нови почетоци. Воопшто не треба да се изненадувате ако откриете дека ќе станете родител или ако партнерот ве запроси. Ако не сте во врска, не останувајте дома на 1 август. Нешто прекрасно ќе ви се случи под отворено небо.

Вашата планета-владетел Уран на 11 август ќе премине во ретроградно движење во вашата 4-та куќа на домот и семејството. Ако сте во брак, престанете постојано да им угодувате на партнерот и децата и да се занемарувате себеси, бидејќи тоа ќе ви создава фрустрации. Додека Уран се движи „наназад“, ќе бидете екстремно чувствителни, па внимавајте кој пуштате покрај себе.

Целото внимание ќе го свртите кон себе на 15 август, кога полната месечина ќе настапи во вашиот знак и ќе ги истакне вашите најубави карактеристики. Искористете го максимално вашиот шарм за да го заведете оној што ви се допаѓа. Флертувајте без задршки.

Во последните 13 дена од месецот 4 небесни тела – Марс, Венера, Сонцето и Меркур – ќе се преселат во другиот ваш љубовен сектор. Сè ќе започне со сексапилниот Марс, кој на 18 август ќе влезе во вашата 8-ма куќа на силните чувства и интимноста, зголемувајќи ја вашата потреба да имате некого покрај себе. Нема да сакате сами да ги доживувате лудите летни авантури, па ако сте сингл, веројатно ќе ја засилите потрагата по вашата „половина“. Сепак, тоа не значи да носите избрзани одлуки.

На 21 август и романтичната Венера ќе му се придружи на Марс во вашиот интимен сектор. Страста ќе ви биде на максимум. Ќе ги разголувате и душата и телото пред партнерот и ќе уживате во секој момент поминат со него. За некои водолии, силните чувства ќе резултираат со бременост.

Соло сте? Венера ќе ви ја зголеми убавината и харизмата, па воопшто нема да имате проблем со привлекување внимание. Заокружете го 30 август на календарот. Можно е да го славите како ваша годишнина од врската.

РИБИ (19. II – 20. III)

Август, 2019

У-ла-ла! Прекрасно ќе изгледате овој август, бидејќи посветено ќе се грижите за вашиот изглед. Здравата исхрана и редовните тренинзи ќе ви бидат приоритет, а тоа неизбежно ќе се одрази не само на вашиот изглед, туку и на вашата самодоверба. А ако сте во врска, дури и на вашите интимни односи.

Во првите три недели од август, романтичната Венера ќе патува во вашата 6-та куќа на грижата за себе. Ќе го обожавате вашето тело, ќе се чувствувате удобно во него и ќе го негувате внатрешно и надворешно. Одличната фигура ќе ви донесе зголемено внимание, особено од спротивниот пол. Сепак, подгответе се да се соочите и со завидливи погледи.

Ако сте во врска, ќе забележите дека партнерот почесто сака да биде прилепен за вас, бидејќи нема да може да му одолее на вашиот сексапил.

Марс, планетата на атрактивноста и страста, ќе ја придружува Венера во вашата 6-та куќа до 18 август. Зарем има нешто попривлечно од личност која е свесна за својата убавина и која не се плаши да го покаже тоа? Такви ќе бидете вие месецов.

Паровите ќе бидат мотивирани да тренираат заедно или да се хранат на здрав начин. Едни од најубавите мигови со партнерот ќе ви бидат кога подготвувате заеднички специјалитети во кујната или кога се релаксирате по напорен тренинг.

Прекрасна вест ви носи првиот августовски ден. Тогаш комуникативниот Меркур ќе го прекине ретроградното движење во вашата 5-та куќа на страста, романсата и флертувањето. Ако во изминатиот период се сомневавте во вашата способност да кокетирате и заведувате, сега ќе бидете убедени дека ја поседувате. Тоа што со еден поглед ќе можете да освоите срце, ќе ви биде доволен доказ.

Паровите ќе престанат да воскреснуваат стари проблеми и да се караат за личности од минатото кои повеќе ги нема во нивниот видик. Во нивните односи ќе царува страста и старовремската романтика. Изненадете го саканиот со погламурозен изглед.

Не можете да заборавите ваш поранешен партнер? Меркур ретрограден ви отвори стари љубовни рани? На 15 август ќе настапи полна месечина во вашиот сектор на лекувањето и завршетоците. Ќе ги зашиете раните, ќе го „ресетирате“ вашиот ум и ќе оставите зад себе сè што ве мачи. Болните поглавја ќе се затворат во вашиот живот, со надеж дека ќе се отворат нови, подобри.

Љубовната арома ќе се шири во воздухот во последните 13 дена од месецот, а вие ќе уживате во неа максимално. На 18 август огнениот Марс ќе започне да го разгорува вашиот сектор на сериозните партнерства и обврзувањето, а неколку дена подоцна, ќе му се придружат и романтичната Венера, Сонцето и комуникативниот Меркур.

Бремености, свршенички прстени, брак, обновување на заветите, бурно прославување на годишнини… Прекрасни случки им претстојат на паровите во последните августовски денови. Вреди да се слави за љубовта.

Ако сте сингл, повеќе нема да ви се допаѓа статусот соло, зашто ќе чувствувате потреба да имате некој во чија прегратка ќе ги минувате летните авантури. Имате зелено светло да бидете пребирливи, додворувачите ќе бидат многубројни.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.