Се бараат 16 асистенти за средношколците со посебни образовни потреби

Во тек е јавниот повик на Град Скопје за ангажирање 16 асистенти за потребите на учениците со посебни образовни потреби во Средните училишта на Град Скопје.

Сите евидентирани невработени лица што се заинтересирани да се вклучат во програмата општинско-корисна работа во рамките на проектот „Поддршка на инклузијата во образовниот процес-унапредување на правата и можностите за ранливите категории на граѓани во Град Скопје“ можат да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување на град Скопје, во периодот од 5 до 16 август.

Лицата што ќе бидат избрани ќе бидат ангажирани 20 часа неделно за период од 9 месеци и ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000 денари месечно.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.