ТРА ЛА ЛА – КОНЦЕРТ НА ФИЛМСКА МУЗИКА

Од 13-18 август се одржува 20-тото издание на Интернационалниот музички фестивал ТРА ЛА ЛА 2019 Охрид и Битола, Македонија.

Учествуваат солисти од 14-26 годишна возарст од 22 држави.

Интернационалниот музички фестивал ТРА ЛА ЛА оваа година го одбележува својот 20-ти јубилеј и е една од најуспешните манифестации од овој вид во цела Европа. Во досегашните изданија на фестивалот ТРА ЛА ЛА покрај учесниците од Македонија, земаат учество и репрезенти и делегации, солисти и вокални групи од Малта, Индија, Шпанија, Естонија, Велика Британија, Украина, Хрватска, Белорусија, Кипар, Бугарија, Латвија, Австралија, Бугарија, Русија, Албанија, Литванија, Романија, Србија, Јапонија, Косово, Полска, Италија, Словенија, Молдавија, Израел, Унгарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и многу други. Проектот има за цел да придонесе во развојот на музичката култура во нашата држава и јакнење на натпреварувачкиот дух кај младите. Со тоа се допринесува во афирмацијата на македонската и светската естрада, дел од партиципантите се учесници на голем број европски и светски манифестации како детската Евровизија, Сан Ремо џуниор, Славјански базар и многу други познати случувања. Фестивалот ТРА ЛА ЛА е член на Светската асоцијација на перформанси и уметости (World association of performing and arts) WAPA со седиште во Ерменија, а наскоро се очекува да стане член на Светската асоцијација на фестивали и уметности (World association of festivals and arts – WAFA). Соработува со преку 40-тина фестивали и организации ширум светот.

Концерт на филмка музика, 16.08, Долни Сарај, Охрид, почеток 20 часот
Билети во предпродажба по цена од 150 денари

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.