
Во текот на вчерашниот ден повторно гореше дивата депонија во близина на пречистителната станица во Ново Село во општината Ѓорче Петров. Оваа депонија станува главен загадувач во поширокиот реон а кога ќе се запали загадувањето на воздухот се чувствува се до центарот на градот.
Жителите велат дека местото покрај реката Лепенец во делот на Ново Село станува најголема депонија во Скопје која освен воздухот енормно многу ги загадува водата и почвата.
– Тука се фрла се, од градежен шут па се до органски отпад, отпад од индустрија, запаливи материи, и тоа со огромни камиони. Не е можно надлежните од општината да не знаат што се случува. Прашање е зошто сето ова го толерираат и не превземаат ништо? – прашува жител на Ново Село.
Вчерашниот пожар беше само локализиран но и не целосно ставен под контрола кој пак поради силниот ветер има можност повторно да се разгори.
Leave a Reply