Најдено мртво момче во водите на Вардар

Момчето кое вчера околу пладне сакало да се разлади и влегло во реката Вардар кај демиркаписко Бистренци, пронајдено е мртво, потврди за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Јавен обвинител наредил обдукција на телото.

Со часови траеше потрагата по момчето од негови блиски и соселани, а крај Вардар присутна била и полицијата, се трагаше во водата и на брегот.

– Најверојатно е удавено, не знаело да плива. Ноќеска стотина лица го баравме до три часот изутрина. Синоќа неколку лица од селото нуркаа во водата, но не е најдено ништо. Сега од пет утрово повторно сме тука покрај реката. Триесетина сме, некои со гуми по водата, останатите се распоредени покрај брегот. Алиштата и телефонот му се најдени покрај реката – изјавија утрово жители на селото за МИА, кои не сакаа да бидат именувани.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.