Општина Гази Баба ќе ја реконструира патната делница од Хиподром кон Општината Илинден

Се работи за комплетно проширување на патот во должина од 2 километри, а од едната страна на коловозот кон населбата Хиподром 2 се гради нов тротоар во должина од 200 метри, со што ќе биде загарантирана безбедноста на пешаците и на сообраќајот.

-Посебно сум среќен што ќе се реши проблемот на жителите на населбата Хиподром 2, кој освен пат ќе добијат и нова постојка, ново улично осветлување, а и дополнителна внатрешна инфраструктура, изјави Борис Георгиевски, градоначалник на Општината Гази Баба.

Овој зафат како што информираше Георгиевски се изведува преку Скопскиот плански регион и Бирото за регионален рамномерен развој, кофинансиран од Општина Гази Баба и Општина Илинден и ќе чини вкупно 6 милиони денари.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.