Традиционалната манифестација „Културно лето на општина Кисела Вода“ започнува в сабота

Традиционалната манифестација „Културно лето на општина Кисела Вода“ започнува в сабота, во месноста Три Круши во Драчево.

Посетителите, првата вечер ќе ги забавуваат Ефто Пупиновски, Дани Димитровска и културно-уметничкото друштво „Китка“.

Следниот викенд, на 23 август во паркот „Шопен“ посетителите ќе ги забавуваат: Бени и Нон Стоп, групата Биоритам и Анастасија Петреска, додека в сабота на 24 август, на сцената на Три Круши ќе пеат: Миле Кузмановски, Сузана Спасовска и Силви бенд.

Настаните продолжуваат на 30 август кога во паркот „Македонија“ свој настап ќе имаат: Александар Митевски, Драган Спасов-Дац и Кристина Арнаудова.

Културното лето на Општина Кисела Вода ќе се затвори со: Мики Јовановски Џафер, Искра Трпева и Ѓоко Таневски, културно уметничкото друштво „Китка“, во Три Круши.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.